Македонија виа Њујорк Тајмс

  • Креатор на темата Креатор на темата iksimkd
  • Време на започнување Време на започнување

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Локација
Струмица
Новинарка на Њујорк Тајмс некако успева да заврши на Црното Море и тоа во романскиот дел од приморјето. Таму седнува во ресторан и главното јадење што и го привлекува вниманието е - пита со сирење Македонија. Ок, не е баш пита како што ние ја замислуваме туку повеќе е преклопена пица.

Од мерак, кога се враќа дома во Њујорк решава да самата си ја направи питата Македонија, со тоа што и текнува во питата да додаде и неколку парчиња, блага печена пиперка. Резултат: "Беше дури подобро."

Колку за да видиме дека знае за што збори, во следното правење пита, вели дека ќе користи - ајвар.

Еве ги состојките:

1 пакетче инстант квасец
3 лажички маслиново масло (extra virgin)
1 лажичка сол
1/2 лажичка толчен (мелен) бибер
700 грама брашно
1 средна црвена пиперка (за ајвар)
250 грама сирење, дробено
1 гранче розмарин

Извор: Он Нет

Њујорк Тајмс - Рецепт и начин на подготовка

Интересно, не сум јадел ваква пита досега. Би сакал да ја пробам! :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom