TpH_Bo_OkO
Трноризец
Македонија е на трето место по ниво на демократија од балканските држави што не се членки на ЕУ, по Србија и Хрватска.
Ова се наведува во последниот извештај на организацијата Фридом Хаус за развој на демократијата лани во 29 држави во транзиција, објавен синоќа.
Според вкупната листа, прва е Словенија со оценка 1,82 иако бележи влошување споредбено со претходната година, а последен Туркменистан со оценка 6, 96.
Врвот на списокот, освен Словенија, го сочинуваат и Естонија (1,96), Летонија (2,07), Унгарија и Словачка (по 2,14) и Чешка (2,25).
Кога станува збор за балканските држави што се уште не се членки на ЕУ, најдобра оценка доби Србија (3,68), следат Хрватска (3,75), Македонија и Албанија (по 3,82), Црна Гора (3,93) и БиХ (4,04).
Напредок во степенот на демократизација, се додава во документот, реализирале само шест држави - БиХ, Бугарија, Белорусија, Грузија, Романија и Србија.
Во 11 држави, меѓу кои и Македонија, ситуацијата останала непроменета во однос на претходната година, додека 12 држави назадиле.
Во групата на држави кои се членки на ЕУ ситуацијата е непроменета во Чешка, Естонија и Летонија, а назадиле Унгарија, Полска, Словенија, Литванија и Словачка.
Подобрувања се забележани само во две, најнови членки на ЕУ - Романија и Бугарија.
Развојот на демократија на Косово е оценуван одделно од Србија и со просечна оценка од 5,36 се наоѓа на 21.место.
Најниски оценки за демократија добија освен Туркменистан, добија и Узбекистан (6,86), Белорусија (6,68), Казахстан (6,39) и Азербејџан (6,00).
Генерална оценка на Фридум хаус е дека степенот на демократија во државите од централна Европа и Евроазија се намалува со јакнење на популизмот и антилиберализмот, а пред се, поради умор од реформи и политичка поларизација.
Степенот на демократија на тразиционите држави се оценува на скала од еден од седум, со тоа што еден е највисока, а седум најниска оценка.
Станува збор за оценка на напредокот што државата го реализира во неколку подкатегории, како што се изборен процес, цивилно општество, управување, незваисни медиуми, судство, броба против корупција.