Москва, 13 септември 2010 (МИА) - Поранешниот македонски заменик министер за здравство Владимир Лазаревиќ ќе ја врши функцијата извршен претседател со Собранието на Светската здравствена организација за Европа, на 60-тото Регионално Собрание на СЗО, што се одржува во Москва. - Лазаревиќ и Татјана Голикова, министер за здравје и социјален развој на Руската Федерација, ќе раководат со Собранието во текот на целата недела. Ова е за прв пат македонски претставник да биде избран на највисока извршна функција во СЗО што претставува особена чест, одговорност и признание за придонесот на Македонија во работењето на регионалната канцеларија на СЗО во изминатите четири години, соопшти денеска Институтот за социјална медицина во Скопје.
Д-р Лазаревиќ во текот на изминатата година претседаваше со Постојаниот комитет на СЗО за Европа.
- Во текот на Собранието Република Македонија ќе предложи резолуција за иднината на финансирањето на СЗО со цел да се обезбеди стабилно и одржливо функционирање на организацијата согласно зацртаните приоритети во наредниот период. Се очекува резолуцијата да биде усвоена со акламација од сите земји членки, се вели во соопштението.
На регионалното собрание е најавено обраќање на рускиот премиер Владимир Путин. На собирот на СЗО во Москва учествува и македонскиот министер за здравство Бујар Османи.
Извор: Idividi
Секоја чест, конечно еден Македонец да се стави на висока функција во некоја светска организација.