Македонците потпишаа Меморандум за малцински права

  • Креатор на темата Креатор на темата asterix_m
  • Време на започнување Време на започнување

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Македонците од Мала Преспа го потпишаа Меморандумот за разбирање со малцинствата, што неодамна го подготви албанската влада. Тие се надеваат дека со овој докумнет ќе бидат опфатени и Македоните во Голо Брдо и Гира, бидејќи за првпат се добиваат одредени права што досега не ги уживале. Албанската влада подготвениот документ од МНР, неодамна го дистрибуираше до малцинските зони, односно областите кои главно се населени со припадници на други етнички заедници. Него го потпишуваат градоначалниците кои претходно треба да добијат согласност од раководствата на здруженијата на малцинствата. Меморандумот деновиве го потпишал градоначалникот на Пустец, област Мала Преспа, потврди за Дојче Веле, Едман Темелко, претседател на друштвото "Преспа". Според него, со документот се очекува поттикнување на соработката меѓу локалната и централната власт, во однос на употребата на мајчиниот јазик, негувањето на историското, културното и верското богатство на малцинствата. Темелко посочува дека меморандумот и дава право на локалната власт, на именување на традиционални топоними и враќање на имињата на селата. "Ние остро ќе реагираме како заедница на Македонците во Албанија Мала Преспа да се прогласи како македонска малцинска зона, бидејќи во Албанија постои и таа определба. Такво нешто ќе се бара и за Голо Брдо и Гора. Веќе има знаци за понуда таков документ да се потпише во Пешкопеја, а ние ќе побараме и во Кукс ист таков документ", вели Темелко. На Меморандумот свој потпис ставиле и припадниците на влашкото и ромското малцинство, додека припадниците на грчкото малцинство во јужниот дел на земјата, одбиваат да го потпишат овој документ. Темелко вели дека грчкотото малцинство не го потпишува меморандумот бидејќи работите што се нудат, тие веќе ги имаат добиено од порано. Тој, сепак, објаснува дека прифаќањето на меморандумот не значи дека Македонците во Албанија се откажуваат од нивните други приоритетни барања. Тие исто како и здруженијата на другите малцинства, остануваат на барањето за вонреден попис на населението, во кој би имало колона каде слободно ќе може да ја искажат својата етничка и верска припадност, образование на мајчин јазик, отстапување простор на државната радио – телевизија, и соодветна застапеност во државните институции.
 
Добар чекор напред.
Ако навистина Шќипитаријта дозволи слободно изразување, барем ке си го знаеме бројот, а тој никако не е под 200000.
Сега треба да ги дигнеме на нозе и другите потлачени народи во таа полу држава, како, срби, црногорци, роми, турци...
Да се покаже, дека, шќипитарите всушност се малцинство во Шќипитаријата!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom