Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
- Член од
- 29 јануари 2007
- Мислења
- 84.962
- Поени од реакции
- 195.489
Пливачите ни на небо ни на земја
Поради нерегистрирањето на новата федерација во опасност е и одржувањето на Охридскиот маратон
Новоформираната Федерација на пливачки спортови треба што е можно поскоро да биде запишана во Централниот регистар на Република Македонија, како би можеле пливачите да продолжат со нормална работа, побараа поголем број од клубовите. Со формирањето на оваа федерација, пливањето се одделува како посебен спорт од ватерполото, кое засега функционира во рамките на Пливачката федерација.
- Сите документи се доставени до централниот регистар и чекаме само формално да бидеме регистрирани, за да можеме да функционираме. Пливањето и ватерполото се два различни спорта и затоа е потребно да се формираат две посебни федерации. Затоа ние побаравме раздружување и излеговме од ПФМ. Иако на Собранието беше донесена одлука за формирање на нова федерација, ние повеќе од 45 дена чекаме да бидеме регистрирани во Централниот регистар. Ни престојат голем број настани и натпреварувања, а вака не можеме да работиме. Пливањето се дави во овие услови - вели долгогодишниот спортски работник во пливањето, Димитрија Поповски. Во Централниот регистар се' уште фигурира ПФМ.
Пливачките клубови се согласни да ги платат долговите кои им останале додека биле дел од ПФМ, но бараат ревизорска куќа да се утврди точната сума на долгот. Тие сметаат дека нивниот долг е многу помал од тој што го имаат ватерполистите. Согласни сме со ревизорска куќа да се види кој колку должи. Сметката на ПФМ е блокирана. Најголемиот дел од долгот е направен за потребите на ватерполистите - е заедничкиот став на пливачките клубови. Од клубовите најавуваат дека со овој однос кон пливањето во опасност е донесен и одржувањето на традиционалниот маратон во Охрид. - Веќе неколку пати беше побарана гаранција од 30.000 долари дека и оваа година ќе го одржиме маратонот. Тоа се пари кои подоцна се враќаат, но сега сметката е блокирана, а парите не се обезбедени - велат членови на повеќе клубови во Македонија. (Т.М.)
Извор: Дневник
...Македонското пливање се наоѓа во кошмар. Вака клубовите ја опишаа состојбата што моментално владее во еден од нашите најуспешни спортови. Раздружувањето од ватерполистите на неодамнешното Собрание и формирањето на Федерацијата на пливачки спортови на Македонија (ФПСМ) оптимистички се најавуваше како нов почеток, но, место тоа, дојде до целосно замирање на сите активности. Причината за тоа е што новиот субјект никако да добие статус на правно лице од Централниот регистар, па затоа тој не може да почне со реализацијата на својата годинашна програма. Тоа го наведе новоизбраниот претседател на ФПСМ Михаил Малаков да поднесе оставка.
- За првпат бевме принудени да го откажеме зимското државно првенство, не можат да почнат подготовките за Балканијадата во Истанбул и за Светското првенство во Рим, а под знак прашалник е доведено дури и одржувањето на Охридскиот маратон, при што од Светската федерација веќе некое време не притискаат да ја уплатиме гаранцијата од 30.000 долари - вели бившиот селектор Димитрија Поповски.
Пливачите го посочија својот поранешен претседател Зоран Алексов како сопирачка во регистрирањето на новата федерација, додавајќи дека главниот мотив за тоа се долговите на нејзиниот претходник, Пливачката федерација на Македонија.
- Слушнавме дека не обвинуваат дека не сме сакале да ги признаеме старите долгови. Напротив, ние сме подготвени да ги платиме, но прво бараме ревизорска куќа да ги разграничи долговите на пливачите и на ватерполистите. Проблемот е што долговите на ватерполистите се 30 пати поголеми од нашите. Излегува дека 22-та пливачки клуба се заложници на трите од ватерполото, а тие веќе три години немаат систем на натпреварување, ниту поднесле завршна сметка и не знам по која основа добиваат пари од државата - рече тренерот Марјан Соколовски од клубот Акватик.
Извор: Вест
А да не почнам да правам муабет за ситуацијата со базените. Страшно, пливањето во Македонија тешко дека ќе опстои вака. Барем ватерполово да успее, колку толку, во некаков воден спорт да имаме успеси во поново време. Штета, со оглед на тоа дека имаме многу талентирани деца, кои во вакви услови постигнуваат големи успеси на меѓународни натпреварувања, а се прашувам што би било ако имавме солидни базени?