Mарфиевите закони!

Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
Марфиевите закони!

Ако нешто може да тргне наопаку, ќе тргне наопаку.

Ништо не е лесно како што изгледа.

Ако приметиш четири страни на кои може да тргне наопаку, па тие четири ги избегнеш, ќе се појави петта.

Кога и да појдеш да работиш, најпрво ќе мораш нешто друго да направиш.




Па повелете :)

Читајте добро пред да постирате, за да не се повторуваме во малерите :D
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
Секое решение раѓа нови проблеми.

Невозможно е да направиш нешто отпорно на будали.
Будалите се секогаш инвентивни.

Марфиева филозофија:
Смеј се, утре ќе биде полошо
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
Авионски закон:
Кога авионот во кој што леташ касни, оној што треба да го фатиш секогаш тргнува на време.

Првиот закон на велосипедизмот:
Каде и да возиш, тоа е угорница и ветерот дува во гради.
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
Работничка дилема:
Колку и да работиш, никогаш нема да сработиш доволно.
Она малку што не си го сработил е секогаш поважно од она многу што си го сработил.

Војничка оксиома:
Секоја наредба која може погрешно да се сфати, погрешно ќе се сфати.

Труманов закон:
Ако не можеш да ги увериш, збуни ги.
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
Кеопсов закон:
Никогаш ништо не може да се изгради на време, нити со предвидениот буџет.

Правило на великаните:
Кога некого на кого на големо му се восхитуваш и го цениш изгледа како да се занимава со длабоки мисли, веројатно рамислува за ручек.

Сегалов закон:
Човек со еден часовник секогаш знае колку е часот.
Човек со два часовника, никогаш не е сигурен.

Милеров закон:
Никогаш не можеш да знаеш колку е длабока барата, се додека не застанеш во неа.
 

StormAngel

Stormology
Член од
22 јануари 2005
Мислења
5.059
Поени од реакции
244
Добри се овие, искрено.
Сеа не знам колку би скршил филинг ако ја постирам веб страната со овие на англиски, затоа пак сега засега ќе си го задржам за себе, се додека нема заинтересирани. :wink:
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Колку и да го тресеш, последната капка од курот паѓа во гаќи!

Колку и да се вртиш, газот ти е одпозади.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.186
Поени од реакции
34.419
Garfield напиша:
Колку и да го тресеш, последната капка од пенисот паѓа во гаќи!
Баш ова сакав да го пишам!

А за второто, еве ти добар пример.


Како и да се свртиш, Телеком те трти! :twisted:
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
Мајката природа е кучка.

Болингов постулат:
Се чуствуваш добро. Не се секирај, ќе ти помине.

Вториот Скотов закон:
Кога ќе се открие грешката, потоа се исправи, ќе заклучите дека на почетокот се било точно.
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
Финаглеовиот закон:
Ако експериментот успева, сигурно нешто тргнало на лошо.

Финалеовата теорема:
Во било кој збир на податоци, оној податок кој се чини за исправен и е без потреба од проверување, во суштина е грешка.

Гинсбергова теорема:
Не можеш да победиш.
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
Љубовни закони:

Што е поубава жената што ја сакаш, толку полесно ќе можеш да ја напуштиш.

Ништо не се подобрува со старееењето.

Сексот нема калории.

Сексот одзема најмалку време и носи највеќе проблеми.

Единствениот лек против сексот е уште повеќе секс.

Невиноста е излечива.

Квалитетите кои најобично ја привлекуваат жената се истите оние кои после неколку години не може да ги поднесе.
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
Љубовни закони:

Сексот е гаден само ако се прави онака како што треба.

Секогаш е погрешно време во месецот.

Најдобар начин за држење на машките всушност е прегратката.

Во мракот сите жени се убави.

Проблемите во градината не ги предизвикало јаболкото, туку парот под неа.

Сексуалната дискриминација ги погодува срамежливите и грозните.

Можеби има работи кои се подобри од сексот, можеби има и полоши. Но ништо не е како сексот.

Љубовта е чиста хемија, сексот е чиста физика.

Не прави прељуба...освен ако не налеташ на права прилика.

Воздржувај се од вино, жени и песна...Во главно од песна.
 
Член од
23 февруари 2005
Мислења
2.460
Поени од реакции
43
Љубовни закони:

Кај магичното стапче не е битна должината, туку магијата.

Убавината е површна, грозотијата продира до коските.

Сексот е една од девете причини за реинкарнација. Останатите осум се небитни.

Никогаш не се препирај со жена која е изморена...Или одморена.
 

bibuska

смешка
Член од
5 септември 2005
Мислења
2.403
Поени од реакции
7
*Максимата на Мац: Заклучокот е местото каде што си се изморил од размислувањето.

*Дреов закон на професионалната пракса: Оној што плаќа најмалку, најмногу приговара.

*Смитов закон: Ниеден вистински проблем нема решение.

*Мајнеров закон: Никој не ги забележува големите грешки.

*Сандиландов закон: Ненадејно добиеното слободно време секогаш залудно се губи.

*Вилеов закон за предавачи: Никој не слиша додека не направиш грешка.

*Првиот закон за лабораториска работа: Врелата епрувета изгледа исто како и студената.

*Начелото на Шо: Направи систем што може и будала да го користи, па ќе ти се случи само будала да го користи..

*Пригоден водич за модерни науки: 1. Ако е зелено или мрда тоа е биологија 2. Ако смрди, тоа е хемија 3. Ако не функционира, тоа е физика.

*Вилогбиев закон: Кога се обидуваш некому да му покажеш дека машината не работи, таа ќе проработи.

*Ханлонов закон: Подобро добар план денес, отколку совршен утре.

*Харбуров закон: Краен рок е една недела по планираниот краен рок.

*Џенингов королар: Веројатноста лебот да падне од страната намачкана со путер е правопропорционална со цената на ќилимот.

*Вудсидеов закон за бакалници Кесата која ќе се скине е онаа во која се јајцата.

*Џоновиот колатерален колорал: За да добиеш кредит, мораш најнапред да докажеш дека не ти е потребен.

*Петтиот закон за недоверба Да се греши е човечки, но за стварно да се заглави потребен е компјутер.

*Боговичев закон: Кој се двоуми веројатно е во право.

*Валтонов закон за политиката Глупакот и неговите пари обично победуваат на изборите

*Петто правило на политиката Кога на политичар ќе му светне идеја, обично е лоша.

*Законот на Дингл: Кога некој нешто ќе испушти, тоа никој нема да го подигне, но затоа секој ќе го шутне.

*Петеровото плацебо: Грам имиџ вреди кило вистински способности.

*Пинтов закон: Штом некому направиш услуга, тоа ќе стане твоја работа.

*Рукертов закон: Ништо не е толку мало за да неможе да се напумпа.

*Сигстадов закон: Додека дојдеш на ред правилата ќе се сменат.

*Етореовото запазување: Другата редица се движи побрзо.

*Марфиев закон: Доколку нешто може да тргне наопаку, ќе тргне наопаку.

*Резимето на Шнатерли за последиците: Доколку нешто не може да тргне наопаку, ќе тргне наопаку.

*Парадоксот на Силверман: Доколку и Марфиевиот закон може да тргне наопаку, ќе тргне наопаку.

*Проширениот Марфиев закон: Доколку цела низа настани можат да тргнат наопаку, ќе тргнат наопаку по најлошиот можен ред.

*Фарсндиковата последица на петтата поука: Бидејќи работите тргнале од лошо на полошо, процесот самиот ќе си се повторува.

*Прописот на Душарме: Шансата секогаш се појавува во најнеповолниот момент.

*Законот на Флуге: Кога ќе ти притреба да чукнеш во дрво, сфакаш дека светот е направен од алуминиум и пластика.

*Зимургиевиот седми заклучок од Марфиевиот закон: Кога врне, тогаш истура.

*Законот на Штурге: 90% од се е срање.

*Де Неверсов закон за дебата: Два монолога не чинат дијалог

*Друдмондов закон за вработување: Идеалниот кандидат се појавува еден ден по вработување на просечниот

*Робертсонов закон: Гаранцијата за квалитет ништо не гарантира.


* Законот на Јенсен: Победуваш или губиш, секогаш губиш.

* Законот на животниот пат: Доколку се оди кон тебе, се наоѓаш во погрешна лента.

* Фанексово правило за неуспех: Ако не успееш од прва, уништи ја сета евиденција дека си се обидел

*Правило на Хелга: Кажи не а потоа преговарај.
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
276
Поени од реакции
13
Сите закони на Марфи може да ги ставите тука.Еве јас ке почнам
Ништо не е така лесно како што изгледа.
Секое решение рага нови проблеми.
Мајката природа е кучка.
Насмеј се-утре ке биде полошо.
Ако се чувствуваш добро,не грижи се-ке помине.
Се што составуваш ке се распадне порано или покасно.
90% од се е срање.
Лугето кои не можат да платат кирија-обавезно ја плакаат.Лугето кои можат да платат кирија-издаваат станови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom