Janev
____________
- Член од
- 27 март 2007
- Мислења
- 2.856
- Поени од реакции
- 58
По неколку месечните најави „Hyundai Genesis“ конечно пристигна во САД, каде ќе биде прикажан во рамките на Северно американскиот меѓународен саем на автомобили (НАИАС). Според првите оценки новиот „Genesis“ ги има сите предуслови за успех, вклучувајќи ја и поволната цена. Новиот „Genesis“ носи и нов луксуз во брендот. За логото на „Hyundai“ нема место на ексклузивниот модел, тој останува резервиран за големите серии. Потег што „Hyundai“ го направи, конкурентските „Nissan“ и „Toyota“.
„Hyundai“ за прв пат сериозно влегува со светот на деловните лимузини. Технолошката совршеност е на прво место, па така „Genesis“ има заден погон и мотор со почетна понуда од 3.3 V6 (268 KS, 316 Nm).
Тука се и 3.8 V6 со 290 KS и 358 Nm, односно 4.6 V8 кој развива 368 KS и 440 Nm.
Од „Hyundai“ тврдат дека „Genesis“ постигнува 96 km/h за помалку од шест секунди, барем кога е во прашање моделот со V8 мотор.
Говорејќи за луксуз мора да се наведе и податокот дека „Genesis“ заедно со „Rolls Royce Phantom“ се единствените со „Lexicon“ аудио опција, а тука е и внатрешната камера со која се следи возењето.Што се однесува на стандардната опрема, вклучува елементи како што се вентилација, паркинг кочници, уред за автоматско одмаглување. Како ентериер може да се каже дека нуди повеќе простор од BMW Серија 7.
„Hyundai Genesis“ на пазарот во САД ќе се појави со цена пониска од 30.000 американски долари, што е за 50 отсто помалку од онаа на конкурентските возила. Продажбата треба да започне кон средината на годинава, а појавувањето на европскиот пазар се уште не е утврдено.