Не туку тролајте, има разлика помеѓу ловечки испит и дозвола за носење оружје, детето праша за првото, и ако имате памет да одговорите, одговорете, не јадете тоа шо не е за јадење.
Ловечки испит се спроведува еднаш на 6 месеци на одредена локација каде преку ловните друштва во регионот има доволно пријавени за да се организира еден таков. Така во Велешкиов регион полагавме велешани, неготинчани, кавадарчани, од градско и сите околни села заинтересирани во Велес. За тие што не им се чека може да се обратат до министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, кога ќе се одржи следниот во Скопје или во некој блиску регион за да се пријават, или нека прашаат во локалното ловно друштво кое ја има концесијата за теренот околу градот.
Испитот се полага пред 9 члена комисија составен во 3 групи по 3ца испитувачи. Материјал за учење има од законот за ловство и општи прашања колку комисијата да ти го процени паметот.
Испитот барем кај нас се одвиваше овака. На 3 различни маси седат по 3ца испитувачи. На првата ти поставуваат прашања од законот за ловство и општи прашања, на пример во која сезона е дозволен ловот на диви свињи, кога почнуе ловната сезона, со колку години некој смее да лови, каква дозвола треба да има итн. Други прашања беа местенка, колку да им го проценат паметот, еден будала го прашаа како ловел зајак, да го наместат да каже дека користел пушка досега, он се изглупира кажа дека со рефлектор ги зашеметувал, го избркаа од испитот. Друг го прашуваа за мечката во прилеп што ги искрши сандаците со пчели, според законот кој е крив во ситуацијата, кој ќе ја плати штетата.
На втората маса имаше поставено препарирани животни, и скелети од дива коза, од лисици, од зајак, препелици, еребици, повеќе видови животни. и комисијата ти покажува 2-3 и треба да кажеш која што е, дали разликуваш препелица од еребица, дали машко од женско.
На третата маса те прашуваат за оружје, кое е ловно оружје, каков калибар е, каде смееш да користиш, на која локација, да објасниш кога се купува пушка што треба да пазиш на неа, да објасниш како се полни куршум. Како се нишани, каде се нишани, каква треба да ти биде облеката за на лов итн.
Испитот е лесен, за 30 минути завршуваш, ама треба да имаш знаење, луѓето што те прашуваат се искусни, те местат да те паднат, ама ако го знаеш материјалот немаш мака, цел испит оди како муабет со испитувачите.
Е сега плаќањето во 2010 ја кога полагав беше 500 денари. Сега е поскапено сигурно поради новите закони со кои дел од плаќањето оди во ловното, за заштита на дивеч, за купување храна, градење на куќички итн.
Со полагање на испитот се стекнуваш со диплома за положен ловечки испит и имаш право со стап/рака/нога да отепаш било какво животно ако е во ловна сезона, неговиот лов е дозволен и си имаш платено годишна чланарина кај ловното друштво кое го штити дивечот. За користење на оружје при лов мора да поседуваш оружен лист.