Logitech ChillStream - Gamepad за страсни гејмери

  • Креатор на темата Креатор на темата krusha03
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 февруари 2006
Мислења
1.500
Поени од реакции
160
Локација
Delft
chillstreamrd2.jpg


Logitech денеска го престави својот најнов gamepad со вграден иновативен систем за ладење со помош на вентилатор, дизајниран да ги држи рацете на гејмерите ладни и суви дури и за време на најинтезивните натпревари. ChillStream gamepadот на Logitech e eдинствениот контролер кој е опремен со оваа ексклузивна технологија.

Logitech секогаш се обидува да пронајде различни материјали и технологии кои ќе помогнат играњето да биде попријатно, но за интезивно играње нема ништо што може да го замени ладниот воздух. Едноставно тоа е најдобриот начин на кој рацете ќе останат ладни и суви. Овој нов gamepad е опремен со Logitechовата уникатна технологија за ладење на рацете ChillStream без да се губи на големината и дизајнот на контролерот. Покрај тоа вентилаторот е многу тивок, така што ќе знаете дека работи само поради ладниот воздух што ќе го осеќате на вашите раце.

Logitechовата ChillStream технологија

Ексклузивната технологија на Logitech наречена ChillStream се состои од 40 mm вентилатор кој има проток од 3.41[SIZE=-1]CFM, додека прави многу мала бучава. Поради малиот вентилатор, [/SIZE]Logitech може да ја вгради оваа технологија во контролер со стандардна големина. Три издуви на секоја страна од контролерот дуваат директно во 4те прстите, основата на палецот и дланката, трите делови на раката на кој ладењето им е најпотребно. Вентрилаторот има 2 мода на работа, постојан и интервален. Во интервалниот мод на работа вентилаторот работи 15 секунди, па прави 30 секунди пауза. Издувите се вдлабнати во првшината на контролерот и обложени со гума така да едвај се осеќаат на допир за време на играњето.

Logitechовиот ChillStream контролер за PC

Овој PnP контролер работи на Windows XP и ќе работи на Vista кога ќе излезе. Елегантниот дизајн на котролер со својата сребрено-црна боја е уште повеќе нагласен од металната решетка која го покрива отворот за воздух на базата на контролерот. Овој gamepad е опремен со патентираниот D-pad на Logitech кој со своите 4 контакти е многу попрецизен од сличните вакви падови кои се базирани на оскин дизајн. Аналогната палка на контролерот е машински тестирана за да направи најмалку 1 милион револуции осигурувајки долг век на играње. Logitechовиот ChillStream контролер за PC ќе биде пуштен во продажба во US и Европа на почетокот на септември со цена од околу 40$
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom