lg 42lb650v

  • Креатор на темата Креатор на темата nikolomini
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
19 септември 2008
Мислења
6
Поени од реакции
0
Само што се враќам од нептун каде што го гледав lg 42lb650v и кога продавачот ми кажува дека не е IPS туку VPA панел.Нормално одма влегов во дискусија за на крај да ме однесе во магацин и да ми покаже дека на кутијата од 670v има знак за IPS а на 650v нема.Иако и тоа не ме убеди премногу,после темелно гледање приметив дека никаде не можам да пронајдам нешто што ќе покаже дека е IPS.
Кога стигнав дома го отворив сајтот на нептун и LG за србија и заприметив дека ни таму нема никаде напишано тип на панел.
Со оглед на тоа дека на сите западни рецензии и спецификации тој модел е со IPS панел,дали може некој да потврди дефинитивно за наш пазар со каков панел се произведува?
П.С
На најновиот каталог од нептун наведено е дека е IPS меѓутоа од продавницата се вадеа на тоа дека е грешка
 
http://hdtelevizija.com/2014/05/25/lg-42lb650v-cinema-3d-webos-televizor-recenzija/

IPS панел е, а овој сајт што ти го давам е најдобар на Балканот за се поврзано со телевизори и слично.

На линкот имаш и видео од распакувањето т.е ја имаш и кутијата, па спореди ја со таа од Нептун. На страната на македонскиот Техномаркет исто стои оти е IPS панел

 
Последно уредено:
Ѕирни го и овој модел LG 42 LA 660 S, го земав последниот од СитиМол пред 3 дена.

Стоеја еден до друг со LB650V и имаше значително подобра слика. А и сигурно е со IPS панел. Беше подоабр и од овие 2 модела во квалитет на слика: 1, 2.
 
Работата беше дека LB650V е на попуст моментално во Нептун и цената му е 29700,затоа и се размислив сериозно да го земам затоа што се одлучив околу 500 еур да дадам за телевизор, е сега знам дека 670V е веројатно подобар ама во моментов сите други што ги набројавте се без попуст и станува збор веќе за 100 еур повеќе што не знам дали вреди да ги дадам? Важно главниот муабет ми беше дали прават двојни стандарди за наш пазар и како можам со сигурност да знам што купувам затоа што 2 продавачи од Нептун ме убедуваа дека не е IPS панел и немаше никаде означено спортивно за да ги побијам.Јас на неколку сајта наши и странски најдов дека е,ама ете и на рецензијата од HD телевизија на кутијата го нема знакот за IPS а на 670v со свои очи видов дека има.
Има начин да се провери по сериски број или нешто?
 
Има ли некој што знае подетално, треба да одлучам помеѓу LG 731V и LG 700V. Освен во херци што се разликуваат во друго?
 
Незнам колку е касно да пишам ама јас земав LG 42Lb700v . Телевизорот е толку лош што незнам од каде да почнам. Ако имате можност земете некој друг бренд или ако преферирате LG земете со минатогодишната платформа NetCast што е firmware а не оперативен систем за генерална намена.
Менијата на телевизорот изгледаат стварно добро, башка не најдов лошо ревју за ова ТВ по интернет, меѓутоа кога го земав, реалноста ме плесна во лице.
Само ќе набројам неколку работи.
Хардверот одвај го вози webos системот, менијата за смарт функиите се бавни, анимациите сецкат, менито за стандардните сетинзи е уште по бавно.
На претходната платформа има flash support на браузерот па може да се гледа primewire.ag, kinoteka, и др. слични сајтови со филмови и серии,
овде нема ниту flash ниту html5. Со еден update као почна да работи html5 ама заглавува на лоадинг. Од видео на бровсер работеа само видеа на youtube и jwplayer каде што на jwplayer не работи full screen и на повеќето филмови кога ќе стиснеш play браузерот вика file downloading not supported и видеото не врти.
Ако имаш среќа да почне да врти видео дали во browser дали ако стримаш од компјутер преку plex server или xbmc по 5-6 минути гледање филмот се исклучува
и пишува out of memory application closed (брука), тоа исто се дешава и кај еден братучед на постарата NetCast платформа.
Форумите се празни, па ако заглавиш на нешто тешко дека ќе најдеш решение сам.
Кога мениш канали чекаш 2-3 секунди црн екран да смени.
И што ли уште не...
Ips панелот изгледа добро али пазете по ќошињата е затемнет за нијанса. Али освен тоа друго ништо не чини.
Јас сменив 2. Првиот пат по грешка ми донесоа 670v беше катастрофа, им реков дека грешка модел ми дале, се надевав дека овој 42lb700v ќе биде побрз итн. Исто срање.
Го вратив и тој, си земав еден самсунг и сега одлично ми фукнционира се.
Гледам по форуми кукат и други луѓе пишав таму http://www.lgwebos.com/topic/1541-tv-webos-sucks/?hl=plex#entry2148 неколку постови али слабо муабет...
Пријателски совет: Не земајте LG нарочито од овие серии земете си некаков самсунг, блаупункт, грундиг, или друго кинеско г**** и закачете му пристоен андроид стик на hdmi и ќе си имате смарт тв.
 
Последно уредено:
Сакам да прашам доколку поврзам екстерен хард-диск дали ќе има проблем со меморијата на гледање онлајн филмови на WebOS?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom