Леонард Мазинг - живот и дело

  • Креатор на темата Креатор на темата manastirli
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 март 2010
Мислења
22
Поени од реакции
4
Леонард Мазинг бил роден на 21 ноември 1845 година во с. Мустјала, Естонија и потекнувал од црковна фамилија. Починал на 4 април 1936 година во градот Тарту.

Мазинг бил доцент во Дерптскиот Универзитет на Катедрата за споредбена граматика на словенското наречје.

Во 1890 година во Тарту ја одбранил докторската дисертација, насловена како: „За јазиковната оценка на Македонските Словени“, а една година подоцна во Петербург, Русија, излегуваат две посебни дела на германски јазик:


Достигнувањата на Мазинг долги години остануваат непознати за македонската научна јавност, но во 1975 година Р. В. Булатова го истражува делото на Мазинг и го објавува трудот :

„Првиот истражувач на јазикот на Македонските словени Л. Г. Мазинг (1845 – 1936 )“

Овој труд бил објавен во 1982 година во книгата „Македонски јазик“, со што делото на Мазинг станува достапно за македонската јавност.

Во самиот труд на Р. В. Булатова, која врз основа на „огромната сеуште непроучена архива на Л. Мазинг“ во научната библиотека на Универзитетот во Тарту и на архивот во Тарту, се дознава за македонистичката дејност на Мазинг. Имено, тој преку 45 години предавал во тогашниот Дерптски универзитет, каде што одржувал курсеви по споредбено – историски граматики на индоевропските јазици, споредбена граматика на словенските наречја, увод во славистика, филолошка и словенистичка литература, за црковнословенскиот јазик, јужнословенската дијалектика, источноевропскатите јзаици, итн. Тука, секако, влегува и интересот за македонскиот јазик и македонската посебност.

Во 1887 година Мазинг заминува во Лајпциг кај проф. А. Лескин, познат славист, проучувач на бугарскиот јазик. Тука се сретнал со двајца Македонци, Иван Ѓоргов од Велес и Димитар Топеничаров од Охрид, исто така ги проучувал, и делата на Верковиќ, Шапкарев, Драганов, Пулевски и други. Со што стекнал одлични познавања за македонскиот јазик.

Во неговата архива се зачувани материјали поделени на „јазични зони“, и тоа:

1.Бугарски

2.Зона Ч и Џ

3.Српско – Хрватски

4.Чакавски

5.Кајкавски

6.Словенечки

7.Македонски

При тоа, македонскиот материјал е означен како „specific“ и останал непроучен. Посебно внимание Мазинг обрнал на tjи dj во македонскиот јазик што претставувал најатрактивен „проблем“ во славистиката.

Р. Б. Булатова за овој проблем вели:

„Поставувајќи си ја пред себе целта да даде лингвистичка карактеристика на јазикот на Македонските словени, Мазинг на општо методолошки план се обраќа кон двата методи познати во современата фонологија:

1. Воспоставување на носителот на јазикот.

2.Објективна анализа на постојните односи во јазикот.

Особен заклучок што го направил Мазинг во своето истражување е своевидноста на јазикот на Македонските словени.

Мазинг при своето проучување на македонскиот јазик, македонската територија ја поделил според акцентолошките критериуми на:

-Источна, а неа на северноисточна и југоисточна .

- Западна, а неа ја поделил на западна и северозападна.

При тоа Мазинг првенствено го проучувал западномакедонските говори, кои „зачувале извесна подвижност на акцентот“.

За јазикот на Македонските словени тој го дава следното правило:

„Врз акцентот влијае количината на слогови, ако количината на слогови во зборот се зголеми, акцентот може да се премести:

КУ`ЗМАН – КУЗМА`НИЦЕ.

Скратувањето, стегнувањето во последниот збор, што го смалува бројот на слоговите, исто така, не влијае врз акцентот, којшто си останува на поранешните места:

КУЗМА`НЦЕ а не КУ`ЗМАНЦЕ “

Со своите дела Л. Г. Мазинг даде поттик за развој на македонистиката кон крајот на XIX век. Неговите дела ги привлекле и други автори на кој им била важна историјата на Кирило-методиевата писменост, култура и етнолигвистика, додека политиката и пропагандата им била туѓа.





Извори :

Р. В. Булатова - „Првиот истражувач на јазикот на Македонските словени Л. Г. Мазинг (1845–1936 )“

Блаже Ристевски - „Портрети и процеси“

Дигитален архив на македонскиот јазик кој ги објави оригиналните книги на Л. Г. Мазинг.

http://damj.manu.edu.mk/pdf/0003Macedoslavischen Dialekte.pdf

http://damj.manu.edu.mk/pdf/0003Macedoslavischen Dialekte.pdf

--- надополнето ---

mazingtjdj.jpg


mazingmakedonoslavjansk.jpg


http://makedonskaiskra.com/mk/istorijaideologija/makedonskaistorija/508-2011-02-19-00-20-56
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom