Лекција

  • Креатор на темата Креатор на темата Forrest Gump
  • Време на започнување Време на започнување

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.619
Синко, за да постигнеш нешто во животот, мораш да се помачиш. А сеа, тишина! Да ги чујам бројките на лото. - Хомер Симпсон

Учење, учење, учење... Излив на мозоци, шкртаници по клупите, гордо - фалангата на Александар низ училницата, цела армија на клетки и атоми парадираат и ревносно ги поштуват законите на физиката, слушаш за Пиреј, за Калеш Анѓа, за Моцарт и компанија...Јбг скапавме у школо... Години на едукација, ментална онанија за осознавање на вистината, за спознавање на самиот себеси, на светот околу... Излегуваш ко гениј кој ќе му пркоси на животот или талкач - изгубен патник со прашалници???

Btw муабетот ми е од целта таа парада на формална едукација која лекција ( и буквална или мудро знаење од професор) ја паметите и ден денеска и страшно многу ви помогнала у театарот наречен живот? Всушност ви помогна ли воопшто некоја лекција ( онака баш школска лекција) у животот, А?

П.с Питагорова теорема, падот на Картагина, бројот на овци у Австралија, совети у стил на мојот професор по историја "Учи - не за да не работиш, туку за да научиш како да работиш". Повелете...
 
И јас неодамна отворив тема која треба(ше) да служи за дискусија по слична проблематика. И таму кажав дека има многу предмети кои се штетни за менталното здравје на идните возрасни, во прв план мислејќи на предметот историја (на војни), и некои од новокомпонираните западњачки пропаганди а-ла Папа е ла моралита.

Ама за литературата, не го делам мислењето. Колку може еден роман да ти ја збогати душата, не може ништо друго.
 
која лекција ( и буквална или мудро знаење од професор) ја паметите и ден денеска и страшно многу ви помогнала у театарот наречен живот?

Ги паметам и тешко дека ќе ги заборавам зборовите на мојот класен и професор по македонски јазик: Каде и да одите, што и да правите во животот-следете ги своите емоции...:pipi:

Можеби ова не звучи како којзнае што, но тој ова го кажа со очи полни со љубов спрема сите нас во класот...и верувам дека не гледаше како свои деца како што многу пати знаеше да ни каже...
Можеби и ќе бидам малку оф топик...но ми недостига многу, и тој и неколкумина други професори од средно кои што покрај образовната функција, многу добро знаеа да ја извршуваат и воспитната...Токму тие воспитни лекции, ако добро се научат, сметам дека можат многу да помогнат понатаму во животот...
 
која лекција ( и буквална или мудро знаење од професор) ја паметите и ден денеска и страшно многу ви помогнала у театарот наречен живот?

Искрено ги памтам само оние лекции чие значење ми било можеби важно и ме интересирало. Исто така ги памтам и оние лекции за кои требало да одговарам и сум се мачел со саати над книга за да ги научам. Другото што не ми било потребно сум исфрлал веднаш по одговарањето, или можеби послем предавањето на лекциите.
А дали ми помогна некоја лекција?
Паа искрено да ми помогнаа многу лекции како што кажав, само оние што ме заинтересирале и би ми значеле нешто. Искрено ден денес кога разговарам на некоја тема , се потсеќам на лекцијата што ми ја предавал наставникот-професорот околу таа тема.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom