S
Shellshock nam67
Гостин

КУВАЈТ: ПРИНЦОТ ПРЕМИНА ВО ХРИСТИЈАНСТВО
На аудио фајлови објавени на христијанскиот сателитски ТВ канал, принцот Абдула Ал-Сабах ја искажал својата верба во Исус Христос. Според извештаите од Кувајт принцот стана следбеник на Исус Христос.
Муслиманите го нападнаа велеји дека тој не е член на кралското семејство, штом тоа го кажува.
На аудио фајл објавен со неговото име, принцот потврдува дека ако е убиен затоа што на снимањето зборува за неговата конверзија, и го кажува тоа што го чуствува , тој смета дека ќе се сретне лично, очи во очи со Исус Христос.
-Тој, рекол: Пред се во потполност се согласувам со овој аудио материјал, изјавувам дека ако тие ме убијат за тоа, ке се појавам пред Исус Христос и ќе бидам со него цела вечност, се изјаснува кувајтскиот принц.
Името Абдула (слуга на Бог) често се споменува во семејното стебло на кралското семејство.