Култот кон Работата

Нема збор за тоа така е, башка додека си млад си и физички и психички спремен да трпиш и потешки работи. Ама да имаш троа акл повеќе во главата и цел живот да немаш амбиција да работиш на туѓо до пензија ми е скроз безвеза, иако има луѓе што не сакаат ни минимален ризик па тоа им е „сигурна“ опција
За жал уште сме далеку од овој мајндсет поради тој претходниот систем.
Ако имаш приметено најголем дел од народот живее со филозофијата: друг да ти бери гајлето, збирај стаж за пензија, ќути има и полошо, барем платата е редовна и сл.
 
Мислам не е така од претходниот систем, туку од новото време, каде корпорациите ги јадат малите. Како мал имаше еден куп мали бизниси. Сеа сите испопропаднати, све се синџири маркети. Ретко некој ако ептен успеал да се етаблира, ама па тоа го напраил у 90 ти. Сеа да пробаш жив ќе те изедат.
 
Мислам не е така од претходниот систем, туку од новото време, каде корпорациите ги јадат малите. Како мал имаше еден куп мали бизниси. Сеа сите испопропаднати, све се синџири маркети. Ретко некој ако ептен успеал да се етаблира, ама па тоа го напраил у 90 ти. Сеа да пробаш жив ќе те изедат.
Тие ќе растат се повеќе и повеќе, кај нас е уште рано и во многу области има шанса и за ситни играчи, ама ќе станува се потешко.
Генерациите пред нас беа уништени психолошки/финансиски од поглед на инвестирање. Имаше мала група што ги крчмеше државните институции за време на транзицијата, и направија пари, се останато го изгуби и тоа што го имаше плашејќи се, и чекајќи подобри времиња.
 
Интересна и комплексна тема, многу добри поенти прочитав.
Еве ќе тргнам од себе, за мене е многу тешко да се најде работа која ќе ме „исполнува“. Од проста причина, време, затоа што со тек на време каква и да е работата, ќе ти досади, ќе те смори од рутини и навики иако во принцип сум човек што ужива во рутини и сум организиран со рутински таскови секој ден.
Посебно во нашиов протекторат, каков култ спрема работа ќе имам јас, еве сум дипломирал едно и по струка на државно никад нема да се запослам освен ако не извадам партиска книшка или си платам добри 10к евра. Приватно уште потешко да успееш од Х причини но да не навлегувам.
Затоа за мене, кога и да се мислам за работа, секогаш гледам од аспект на фамилија, иако сум неженет и сингл, јас сум пораснат со култ кон семејство, наспрема работа. Најбитно е да се има кров над глава и да живееш на свое. Ова го зборам од два аспекта, прво е затоа што пораснав во такви услови, во среќна и хармонична фамилија и второ затоа што се пробав со „култ кон работа“ да напредувам професионално и отскокнам и сфатив дека едноставно тоа не ме исполнува, туку ме исполнува првото, затоа е многу битно човекот да се дефинира себе си.
 
Иначе доколку почнеме да размислуваме како Евреите бајаги процентот на успешност може да се качи.
Ova ne e tajna, mnogu e ednostavno, samo na naski se vika kupuvajte makedonski proizvodi so soncence.
 
Ova ne e tajna, mnogu e ednostavno, samo na naski se vika kupuvajte makedonski proizvodi so soncence.
Ех да беше толку едноставно …. Тоа е само еден мал сегмент од успехот. Зборам за претприемачкиот дух што го гааат и финансирањето во идеи.

Додека за нашите газди лов на идеи е уствари крадење на истоте, за нив тоа значи партнерсво.
 
Последно уредено:
Ех да беше толку едноставно …. Тоа е само еден мал сегмент од успехот. Зборам за претприемачкиот дух што го гааат и финансирањето во идеи.

Додека за нашите газди лов на идеи е уствари крадење на истоте, за нив тоа значи партнерсво.
Pa bas tolku i ednostavno e.
Bitno e da vrti parata tamu kaj sho sakas.

Zosto Zuckerberg ja napravi najuspesnata socijalna mreza pokraj myspace? Koj mu pomogna vo toa?
Ne e nisto slucajno.
 
Pa bas tolku i ednostavno e.
Bitno e da vrti parata tamu kaj sho sakas.

Zosto Zuckerberg ja napravi najuspesnata socijalna mreza pokraj myspace? Koj mu pomogna vo toa?
Ne e nisto slucajno.
Превзема неколку идеи кок btw не беа уникатни, ги конципира добро, овозможи заработка на членовите со системот на апликации и едоставно го зграпчи успехот.

Што мислиш кој инвестираше во него, откако направи POC? Еврејските фондови газат сегде, вклучително и во силиконската долина.. fb, google, oracle … све се тоа идеи на Евреи и чеда на тие фондови.

А како придонесуваат за државата, види како дојде Трамп на власт и што е првото што го напраи, пред истите да го тргнат.

Само ај да не влагаме во политика, друга е темата.
 
Повеќето не си ја сакаат работата,тоа е најочигледно во понеделник насабајле.Ама се мора.Го мрзам тој збор- мора,особено кога одам на заболекар.
 
"Џабе работи, џабе не седи", "од работа не се умира", "работата те прави човек", "се фати за работа ја еба немаштијата", "fati seza lopata keti mine i dempresija i impresija" се само некои бисери од ризницата на народната мудрост, пренесувани од генерација на генерација.
Интересна е етимологијата на поимот "работа" која кажува дека тој збор е изведен од глаголот "робува" :angel:
Без разлика на економските, општествените и идеолошки системи по светот и кај нас, една обединувачка константа за сите е култниот статус кон работата, безрезервно позитивниот став кон неа, сите CV-a на светот споменуваат хард воркер, луѓе се гордеат дека се воркохоличари а на последиците од работата по здравјето и животот на поединецот се гледа како на нужно зло.

Денес најголемо табу не е ЛГБТ или родови идентитети, денес најголемо табу е прашањето дали работата е навистина доблест или не.


Нормално дека работа е потребна за да функционираат сложени општества како денешните, но со сета автоматизација, сета дигитализација, сите labor saving devices работното време се наголемува наместо да се намалува. Некогашните осум часа се веќе анахронизам, денес 10-14 часа не се ништо невидено или чудно.
Се поставува прашање каков квалитет на живот имаат луѓе кои работат 60-70 часа неделно па и повеќе, имајќи предвид дека работата бара и патување до неа, особено во поголеми места тоа се ужасно долги релации, спремање, облека, шминка кај жените што дополнително одзема време.
Нивните деца им се странци во домот, односите меѓу сопружниците девалвираат брзо, разводите пробиваат плафони, семејното насилство наместо да е искоренето во оваа 2022 исто руши рекорди.
Колку од тоа е последица на немањето време да се посвети поединецот на лицата кои му значат најмногу, или барем би требало да му значат најмногу?

На другата тема кажав дека сум минималист во основа т.е. работиме со сопругата минимално во смисол да не компромитираме некои стандарди кои сме ги поставиле заеднички и толку. 3-5 часа, 6 дена неделно.
Да, имавме и среќа, ама знаевме што сакаме.
Бидејќи не сум талентиран за спорт, актерство или наука, имајќи скромна интелигенција, запознавајќи се самиот себе низ неколку трагични ситуации во минатото, одлучив дека мое најголемо достигнување ќе биде мојот придонес кон целта = најсреќно семејство на светот. :love: Ок, не буквално пошто не може да се квантифицира такво нешто, ама смислата е таа.

Лично многу ги почитувам луѓето кои не потпаднале под мантрите на бескрупулозниот материјализам и конзумеризам а сепак заработуваат доволно за да не се доведе во прашање стандардот на живот кој си го поставиле како цел.
Да ја критикуваш работата како поим, луѓето ќе те гледаат чудно, а некои ќе те прогласат за лудак

Зошто луѓето ја воспеваат работата како највредно нешто на светот?
...едноставно,заради лична идентификација и персонализација со плодовите(читај пари,социјален статус и моќ)од истата
...инаку,не би имал што да каже за себе :D
...па уште во денешницава да им го земеш мобилниот нема што да прават со себе
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom