Кулинарство меѓу младите

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady Snake
  • Време на започнување Време на започнување

Lady Snake

~Дени ме чува!~
Член од
29 септември 2008
Мислења
85
Поени од реакции
2
Дали некого од вас го интересира готвење? Дали сакате и уживате во готвењето или пак само сакате да јадете?
Замислете ситуација кога вашата мајка (претпоставувам најчесто мајките готват) не е дома месец-два и вие треба да „ја превземете кутлачата.“ Дали ќе готвите различни јадења секој ден и ќе пробувате да направите нови специјалитети или ќе нарачувате храна и така ќе преживеете?
Знам дека многу млади баш и не ги интересира готвење, барем сега кога било каква храна множе да се купи на секој ќош. Можда ја сум една од ретките али уживам у готвење и сакам да правам специјалитети. Што мислите??
 
Задоцнив со одговорот ,но интересна тема ,значи готвењето е уметност според мене и им се восхитувам на оние кои умеат убаво да готват,а лично за мене да уживам во тоа само ми фали малку повеќе време за завршниот дел декорацијата во која најповеќе ме исполнува,значи повеќе слободно време па како што сакам и умеам да го направам тоа и секогаш се трудам во однос на моето време тоа да биде што подекоративно а не само зготвено,туку и како е поставено тоа според мене е многу битно.
 
Не ме бидува за декорација, инаку сум мераклија за готвење, а богами и за јадење. Добро и не сум млад кога веќе се исповедувам.
 
Уживам во готвење и декорација :)
Секогаш знам да одвојам време за приготвување на нешто вкусно, а и убаво декорирано (нели треба прво окото да ја јаде приложената храна ;) ).
Сакам да испробувам рецепти, а ако не ми се погоди кантата го јаде :pos:
 
Сакам да готвам и уживам во тоа. Готвењето никогаш не ми е претставувало проблем, често пробувам нови комбинации, секако има и бламажи ама нив не ги кажувам :D
А во врска со декорацијата некогаш знам да се потрудам и да направам да изгледа привлечно и интересно, некогаш и само така го послужувам без многу замарање (зависи од прилика, дали е за гости...)

п.с. аууу темава била од 2009, а јас мислев сега е отворена :tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom