- Член од
- 14 октомври 2011
- Мислења
- 8
- Поени од реакции
- 6
- Возраст
- 34
Скандалот продолжува, надлежните молчат а јавноста е згрозена.
Во минатонеделното издание на неделниот магазин "Фокус", објавен е разговор со еден од професорите кој отворено и ЈАВНО ги обвини Ректорот Давчев (и "фамилијарниот клан" ) во охридскиот универзитет за незаконие и плагијат.
Според изјавите на професорот а кои се СЕРИОЗНИ и сами по себе навлекуваат и кривична пријава доколку се невистинити, се наметнува прашањето зошто од повиканите наместо со кривична за клевета, се бранат со молк?
Накратко, еве дел од текстот објавен во "Фокус": "По објавувањето на информацијата за скандалот на охридскиот универзитет, ректорот Данчо Давчев ја признал грешката и веднаш го суспендирал професорот Шикоски кој бил назначен дури за негов советник! Иако без редовен работен однос во факултетот, Шикоски го потпишал отказот на професорот Етиен Шнајдер, известуваат од инспекторатот кој го кој испитал случајот....Понатака, странските професори ке поднесат тужби против ректорот Данчо Давчев и Јордан Шикоски за "Узурпација на службената должност", дела казниви според членот 353 од Кривичниот Законик а кој предлог е доставен до обвинителството во Охрид".
" Министерот Кралев бил засрамен од целиот случај и од професорот Шнајдер било побарано да не излегува во јавноста за да не се уништи реномето на Универзитетот.... Адвокат на универзитетот бил таткото на проректорката, додека еден од асистентите му делел правна лекција на професорот (Шнајдер), во спротивно " ке го јадел стапот".. Во контекст на скандалите за плагијат, никој не се произнесе по обвинувањата на професорите дека дел од трудовите на ректорот Давчев, проректорката Шиковска, како и од неангажираниот Шикоски биле плагијат. Известени биле лицата-странски државјани чии делови од трудовите биле употребени без да се наведе изворот на трудот. Од таму изразуваат вчудоневиденост..."
Линк до комплетната информација објавена во неделниот магазин "Фокус"http://www.pelister.org/UIST/Fokus20111209.pdf
И покрај објавените текстови на ОхридОН за универзитетскиот скандал, и наодите на државниот просветен инспекторат, професорот Јордан Шикоски е добитникот на овогодишната Плакета на Градот Охрид за своето долгогодишно искуство стекнато во Европа и САД пренесено преку своето менаџирање во Охрид...!?
И покрај сомнежите за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност, сеуште зачудува МОЛКОТ на македонските медиуми, опозициските политички партии како и на надлежните институции кои се должни да постапат според надлежностите. Ако на тоа се додаде и експресното одстранување на видеата од YOUTUBE (што и не е така брза и лесна процедура) на кои беше снимен разговорот на избрканите професори со министерот Кралев, се отвара уште еден поголем сомнеж за тоа која друга државна служба сака да ја сокрие тајната за лицата инволвирани во универзитетскиот скандал.
Шикоски (лево) 08-12-2011
Фото-linnid.com
ОхридОН не прифаќа реклами и соработка со бизниси блиски до институции кои се под сомнеж за корупција и криминал..... Сепак им благодариме на интересот за соработка со нашиот медиум.
ohridON
11-12-2011