Кривична за Ректорот Давчев и проф Шикоски ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување Време на започнување
S

Shellshock nam67

Гостин
Кривична за Ректорот Давчев и проф Шикоски ?
Одпочната е истражна постапка за кривично дело "Несовесно работење во службата"..
krivicna_rektor1.jpg

iooha.jpg
За потсетување: Ректорот Давчев, по увидот на Државниот Просветен Инспекторат во работењето на Универзитетот призна дел од неговите пропусти. Но таквите "минимални пропусти" кои еве сега се предмет на кривично дело не му пречат во неговата идна кариера да биде Академик !?




shikoski.jpg
Професорот Јордан Шикоски - универзитетски професор во охридскиот Универзитет е добитник на повелбата „Патронот на градот Св. Климент Охридски" (2011-та) за своето долгогодишно искуство стекнато во Европа и САД пренесено преку своето менаџирање во Охрид. (Иако никој незнае кое е неговото искуство?)



Еве што ОхридОН објавуваше за сакнадалот во охридскиот Уиверзитет:
"ОХРИДСКИ УНИВЕРЗИТЕТСКИ КЛАН"?
http://www.ohridon.com/m-naslovna/6645-2011-10-14-13-41-01.html
1. Според изјавите но и текстовите во "Фокус", во Универзитетот функционира нелегален Сенат, и како членови се избрани Јордан Шикоски и Коста Митрев, кои не се ни вработени на Универзитетот туку на друг Факултет.
2. На истата Седница Сенатот ја избира за професор Устијана Речкоска-Шикоска за професор и на истата седница ја избира за проректор,
3. Во Сенатот членуваат, нелегално, Устијана Шикоска-Речкоска и Јордан Шикоски кои се маж и жена,
4. Во Универзитетот работат Михаела Костадиноска и Дијана Николоска за чии работни места можеби не бил распишан конкурс или не е јасно кога бил распишан, иако е добиено одобрение од Министерство за финансии за нови работни места. Истите се претпоставува дека се луѓе на раководтсвото .
5. Јордан Шикоски потпишувал документи на Универзитетот, дури и отказот на проф.Еттиене го има потпишано Шикоски како член на Сенатот иако не е вработен?
6. На асистентите кои претходно имале добиено одобрение за отсуство поради докторатот, им биле праќани емаилови со закана дека ако не се појават на работа ќе добијат отказ, што можеби не им го признавале претходно добиеното отсуство?
7. Како што дознаваме, студентите се незадоволни од некои од сегашните македонски професори бидејќи имале лош англиски јазик и нивните предавања биле чисто теоретски и со читање од книга.
8. Студентите се разочарани и од одржувањето на часовите или би можело да се каже според нив од неодржувањето, три пати во еден месец е сменат распоредот на часови.
9. Испитите во септемвриската сесија се одржани можеби од несоодветни професори, а како пример го истакнуваат професорот кој предава математика, а држел испит по физика....

ohridON
14-02-2012

е редно време беше :drk: :drk::drk: :drk:
 
А што направил Давчев? Не сум во тек а ме интересира зашто на ФЕИТ ни предаваше.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom