Германците го споредуваат Македонецот Воденски со Брус Ли
Германски весник излезе со приказна за деветгодишниот шампион во повеќе боречки спортови Кристијан Воденски, кој со своето семејство живее во Офенбах. „Рајн Мајн екстра тип“ пишува за деветгодишникот кој собира титули, за кој
„Спортмедиа“ неодамна објави приказна. Го претставува како еден од најголемите таленти за боречки вештини во Германија, кој сака да стане еден од најдобрите борци во светот, а го споредува и со легендарниот Брус Ли.
“Ретко кој противник има шанса против Кристијан Воденски. Деветгодишникот е германски шампион во неговата старосна група во бразилско џиу-џицу, модификација на џудото. Дури и во теквондо шампионатот за деца стигна до второто место. Исто така, и во кик-бокс и во борење освои титули,“ пишува новинарот Фабијан Зибел.
Нилс Шлегел, директор на клубот МЛД Спирит во Франкфурт, каде што Кристијан тренира речиси секојдневно, вели дека ретко се гледа толку талентирано дете како Кристијан.
„Тој е многу разновиден и има висока перцепција на спортот воопшто,“ вели Шлегел.
Во продолжение новинарот ја раскажува приказната за Кристијан. Во собата на малиот борец е и постерот на легендарниот Брус Ли.
„Гледам филмови на Брус Ли со задоволство и би сакал во иднина да се борам како него,” вели Кристијан за „Рајн Мајн екстра тип“.
Кога ќе порасне, сака да се вклучи во американската УФЦ (првенство во ултимејт-фајт). За да го направи тоа, третоодделенецот тренира секојдневно и патува од турнир на турнир.
“На 8 ноември е следниот голем светски натпревар (НАГА шампионатот – н.з.), а потоа е германското кик-бокс првенство,” вели таткото на Кристијан, Ванчо Воденски.
Пргави раце и нозе како Брус Ли, е насловот во печатеното издание на весникот
„За да победам, треба да извежбам уште неколку добри удари. Во борбата не се бара само издржливост и техника, туку треба да се размислува и со главата“,вели Кристијан, кој во своето основно училиште во Офенбах во слободно време игра шах, што му помага да ја подобри неговата концентрација, додава весникот.
“Кристијан беше срамежлив, но преку спортот стана посигурен и полн со енергија,”вели таткото Ванчо.
Ова се само извадови од интернет-изданието на весникот, а печатеното има уште поголема сторија за Македонецот што одби да земе германско државјанство само за да се бори под знамето на Македонија.[DOUBLEPOST=1451143574][/DOUBLEPOST]Christian Vodenski, born on September 27th 2005 in Offenbach/Germany as the younger brother of Melanie, is a fighter with roots in Macedonia.
http://www.mmaspirit.tv/en/teamspirit/fight-team-mma/christian-vodenski-5512lbs.html 
[DOUBLEPOST=1451143638][/DOUBLEPOST]Мајстор е за текводно, кик-бокс, бразилско џиу-џицу, борење, но најголем шампион е во љубовта кон својата татковина Додека неговите врсници спијат со играчките под перница, малиот Кристијан Воденски на постелата има прекривка со кратенка за „ултимејт фајт“, а покрај него е шампионскиот појас. Го сонува сонот еден ден, и тој како Кро кап од Хрватска да стане УФЦ-шампион. Има одвај 25 килограми...
[DOUBLEPOST=1451143764][/DOUBLEPOST]Фејсбук
https://www.facebook.com/ChristianVodenski/
https://www.facebook.com/christian.vodenski.1?fref=ts
Christijan Vodenski Fan Club https://www.facebook.com/Christijan-Vodenski-Fan-Club-423594077819481/timeline[DOUBLEPOST=1451143932][/DOUBLEPOST]
Нашиот Кристијан Воденски избран за најдобар борец на годината во Германија
Нашиот Кристијан Воденски е избран за најдобар е избран за најдобар борец за 2015 година во детската категорија во Германија. Ова признание доаѓа од изборот на специјализираната веб-страница за боречки вештини „ГФН” (German fight news).
25 Декември 201513:07
Токму German fight news го избра 10-годишното Македонче Кристијан Воденски за „борец на годината за деца”. Успесите на сестраниот спортист што живее со семејството во Германија, а одбра да настапува за Македонија и покрај понудите да добие германски пасош, го привлекоа вниманието на новинарите од овој портал.
Во текстот посветен на наградата се вели дека чудото од дете во боречки вештини, Кристијан Воденски, е добитник на овогодишната титула “борец на годината на GFN за деца” и дека припаѓа на светската елита во неговата конкуренција.
-Покрај многубројните национални и меѓународни титули, малиот борец исто така беше успешен и во НАГА, престижната титула што ја освои во Германија, во Монако и НАГА-Европа во Париз. Ѝ припаѓа на светската елита во овој спорт меѓу децата, а таквите можат да се избројат на прстите на една рака. Уште еден голем успех ја прослави суперѕвездата на клубот „МЛД Спирит” од Франкфурт. Кристијан, и покрај многуте тренинзи, успеа да добие многу добри оценки во училиштето, пишува во текстот по овој повод.
Кристијан претходно доби плакета за успешната сезона во борење (грчко-римски стил), во која нема пораз во целото првенство, бранејќи ги боите на Гризхајм. Покрај споменатите титули во граплинг (бразилско џу-џицу), малиот Кико иma титули национален првак и во други боречки вештини, како кикбокс, таеквондо, а есенва почна да настапува и во бокс.
http://kurir.mk/sport/ostanati-spor...-za-najdobar-borets-na-godinata-vo-germanija/