Косово доби химна

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.117
Косовците добија химна

t.gif
20080501072102pristina_203.jpg

ПриштинаШто дефинира една држава? Знаме, валута, а што е со националната химна?
Косово е најновата држава во светот - чие постоење е сеуште негирано, меѓу другите од Србија и Русија.
Сега таа има и химна, која се вика „Европа" соодветно на пооддршката на многу европски држави за независноста на Косово.
Химната има само музика, но не и зборови.
Ја прашавме Хелен Фокс, известувач на БиБиСи каде се зборовите.
Фокс: „Вооошто нема зборови зошто химната беше замислена за да се однесува и на мнозинстките етнички Албанци и на малцинските Срби.
Таа беше избрана по натпревар во кој учествуваа над 130 предлози , а во правилата беше кажано дека националната химна треба да се однесува на сите делови од општеството.
Властите овде на химната гледаат како на можност да се обединат поделените луѓе во Косово и како на важен елемент за градење на нацијата.
Засега немаше реакции од косовските Срби и тие веројатно нема да ја признаат бидејќи Косово го сметаат за дел од Србија и за многу Срби ова е многу провокативен чекор."
БиБиСи: Значи, нема знаци на помнирување во земјата?
Фокс: „Не воопшто, ова е во голема мерка поделена земја и се соочува со тешки моменти.
Премиерот Хашим Тачи рече дека Уставот ќе стапи на сила викендов, но тој веројатно ќе биде игнориран од Србите.
Состојбата е тешка и затоа што во моментов со Косово управуваат Обединетите Нации, кои се очекуваше викендов да ја предадат управата на косовската влада , но поради противењето од Србија и нејзиниот сојузник Русија, не е јасно што ќе се случи.
Обединетите Нации ќе и ја предадат надзорната функција на Европската Унија, но и тоа засега е спречено.
Ако Косовската влада го преземе управувањето, прашање е дали тоа ќе се однесува и на Србите, за кои е поверојатно дека ќе бидат свртени кон Белград отколку кон Приштина."
вест од БиБиСи
 
Jaс па мислев USA ќе им се вика химната и во неа ќе биде спомнат Хавиер Солајна.
Ме интересира зошто нема текст химната, по се` изгледа не можат да се договорат дали текстот да биде на албански или на српски.
 
Маме да им е*ам!! Уште за текст се, убо им е вака :pos2:
 
Back
На врв Bottom