Концепт на Цитроен-Кактус

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzish
  • Време на започнување Време на започнување

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Возраст
38
Локација
најчесто дома, освен ко ќе сум излезен...
Новиот концепт на Цитроен Кактус... Нема што да коментирам еве ви слика, видете и сами.





Можам само да кажам дека е хибриден модел, т.е. го движи 1.4 литарскиот хди, заедно со електромотор кој е вграден во петтостепениот автматски менувач. Електромоторот е одличен за низ град, при што дизелашто воопшто не се стартова, емисијата на издувни гасови и буката се еднакви на 0. Автономијата е некои 150 км, што е одлично. За подолги релации се вклучува дизелот, кој развива 160 км/ч крајна брзина, а се задоволува со 3.5 литри дизел на 100 км. Цената најавена е да биде пониска од сегашниот модел на ц4. Едноставно фасциниран сум од возилото, кога би имал пари би го земал без никакво двоумење.
А и новина е дека владата ке ги субвенционира возилата кои имаат мала емисија на издувни гасови. Така да очекувано е да се види возилото на нашите патишта за година, година и пол најмногу.
 
"На хартија" е супер.. а и на изглед. И јас би зел вакво, да имав пари. Единствен проблем кој што можам да го видам од сликиве е задниот дел.. не е стаклото премало за да се следи сообраќајот од позади?
 
Количево е шема, нема што.
Него ставиле 1.4 хди, зашто не ставиле 1.6 со 90 или 110 коња, тоа е подобро.
 
Otkacen dizajn nema sto :nesvest: ama ne za po skopski ulici
 
Овој модел ке влези во проиводство некаде 2010.

C-Cactus е производ на интелигентна осмислена концепција. Концепција која преку истражувањето на нови патишта на изразување и нови технички солуции, е доведено до намалување на деловите потребни за составување на возилото.

а остварување на оваа цел, инжинерите на Марката:
- до крајност поедноставија одредени механизми или некои делови,

- регрупураа повеќе функции на еден единствен дел,

пример за поедноставување, делот употребен како штитник од удари напред, фаровите и шевроните се направени од еден материјал кој претставува дел од покривот и задниот дел. Ваквиот избор, овозможува заштеда во производствената линија на изработка на овој елемент.

Паноата на вратите се изработени само од два дела во споредба со дванаесетте кај класична берлина.

Има многу други примери за поедноставување на Цитроен.
 
Zakon e kolicevo,samo ne veruvam deka ke iskoci za edna godina ili godina ipol,ke pomine podolgo vreme:)kako i da e koga ke iskoci ke ima mn slicni na nego,sea za sea e interesno i ne veruvam deka cenata ke mu bide poniska od C4.
 
Количево е шема, нема што.
Него ставиле 1.4 хди, зашто не ставиле 1.6 со 90 или 110 коња, тоа е подобро.
Затоа што хди е еден од најеколошките мотори на денешницата. Да речиме 2.2 хди што се вградува во 607 е наеколошкиот мотор со најмала бука и најмалку испуштен цо2 на 100 изминати километри.
А и не е направено да се тркаш со него, туку замислено е како тивок, еколошки автомобил.
 
ми се ареса дизајнот, брзна и се . е да ми се падне лото одма идам да си го купам x)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom