OSHO-Lover
Konecno Sloboden...
Вака значи ја отварам темава за комуникација во Психологија и Филозофија затоа што мислам дека е најприкладно место каде би можело да заземе таков правец каков што би сакал да земе(ама ако мислите дека е за во друга тема муабетов преместете ја)
Комуникацијата на човекот со се што го опкружува е комуникација на многу нивоа и димензии во исто време... би сакал да ја земам за почеток комуникацијата помеѓу човек со човек...
Сум приметил дека со некој што не го познаваш или делумно го познаваш мора да го користиш јазикот како средство за комуникација, но со тие што ги знаеш и ги сакаш како многу блиски не е потребен јазикот толку многу(го користиш многу нормално, но сакам да кажам дека и да седиш во тишина со тој што го сакаш нема да се осеќате чудно напротив многу пријатно и дури и многу подлабоко искуство и комуникација ке се воспостави него ли константниот муабет т.е. користењето на зборови...)
Да не заборавиме дека и комуникацијата со телото е секогаш присутна и е подлабока(на некој начин подсвесна) одколку кажаните зборови(некогаш може да кажеш нешто, но телото да зборува сосема друго и да те издаде доколку соговорникот е доволно присутен и свесен да го примети и разбере твојот боди-ленгвиџ)...
Кога сме веќе кај присутноста сакам да посочам и споделам свое искуство кое секојдневно го среќавам... луѓето најчесто прават муабет со многу затворена перцепција и се насочени и преокупирани со сопствените мисли него ли да му обрнат внимание на соговорникот што сака да каже со тоа што го кажува(да ја доловат подлабоката состојба во која е или која ја објаснува соговорникот... преку зборовите, гестикулациите, моментите на тишина...) Не туку секој си има свој патерн(шема) во умот од мисли и само делумно го следи соговрникот каде тој кога ќе заврши со муабетот овој сега ќе може да почне со својата шема на мисли да ја изразува само што се фаќа за некој збор кој го кажал соговорникот за да има некаква поврзаност муабетот... сум приметил кога две особи прават муабет често се случува да нема никакво разбирање меѓу нив туку само површна комуникација која е и те како небитна, а муабетот е колку да се каже нешто...
Во комуникацијата најчесто најголем импакт(влијание) има егото/ата(т.е. концептот на мисли кој си го имаме создадено за да не дефинира кој сме ние, а воглавно е создаден од надворешни мислења и предрасуди)... Пример: Кога збориш со некој пријател збориш на еден посебен патерн кој се има со текот на времето оформено и каде се користи една маска... кога пак збориш со некој за кој имаш предрасуда на ниска вредност(пр. со некој просјак или да речеме некој кој го сметаш за понизок од тебе во ранг на работното место) ондак ставаш друга маска каде гледаш кон особата одозгора и муабетиш ради реда колку да се заврши муабетот... ако пак збориш со твојот бос(шеф) на работа ондак си ја подвиткуваш опашката и ставаш сосема друга маска и воедно и друг ти е тоналитетот и патернот на зборови... Ова се само примери не дека е баш вака секогаш и со секого само сакам да посочам пример што мислам кога кажав дека егото има најголем импакт...
Ајде доста беше за сега... друг ден повеќе...
Што мислите вие/ваше искуство...?