Колку сте традиционални?

Се тоа што го пишувате е во ред и не го негирам, но прашањето е дали е тоа традиција?
Не е само тоа традиција да се разбереме, но пресудна е за пренесување на девијантното однесување на поединци и во ултра современово општество, кое колку и да сакаме да го негираме околу нас е, а истите традиционалци не можат да се привикнат преку ноќ на современицата. Денешната девијација е длабоко навлезена во догмите и нормите на традиционалното живеење. А кога зборам за насилство, не мислам само на физичко насилство. Тука спаѓа и психичкото насилство кои исто, ако не и повеќе, може да ја оштети жртвата. Слободната воља и слободниот избор на жената (децата) во одредени средини, се загарантирани само на папир. А жртвите молчат за истото злоставување баш поради своите традиционални вредности и сфаќања (за кои голема улога игра средината во која се живее како и фамилијата- која сеуште не може да се прилагоди кон современото однесување, што се вика до вчера бевме Југославија).
Во моментов блиска моја личност, се соочува со семејно насилство од физички карактер. Нормално, не можам да превземам ништо затоа што не се сложува да се откаже од фамилијарните вредности, од светоста на бракот, од заветите дадени пред Бога...:facepalm: и бла бла говнарии. Така да, факт е дека девијацијата во современово општество произлегува од негувањето на традиционалните вредности (кои според мене, ако тоа е начин да се функционира- традиција е bull shit!)
 
Стереотипи, предрасуди и осуда и тоа најповеќе од оние кои се сметаат за модерни, современи или отворени умови. Башка отидоа муабетиве во феминизам и женски права :(
 
Последно уредено:
Ne sum ic. Mozda vo dadeni situacii vo koi mora da bidam, inache ne tolku..
 
јас го читам тоа што го пишуваш. ова што го велиш
не е баш нешто позитивно.
ако прочиташ убаво, не ја споредувам туку велам педофилијата и хомосексуалноста во минатото биле прифатени во општествата. Мажите имале момчиња љубовници легално.
јас не се изјаснив против туку ...ќе морам да те потсетам повторно на твојот прв пост овде
имаш некои предрасуди за луѓе кои ја негуваат традицијата, а во следниот пост ги осудуваш за неприфаќање на некои нешта.
Да прифати мнозинството нешто ново да, доколку тоа ново носи бенефит кон мнозинството, семејствата и општеството во целина. Што е тоа ново што треба да се прифати.

Очигледно не читаш што пишувам.

Сите луѓе си имаат позитивни и негативни особини. Тоа што некој е ограничен, не е заради тоа што е традиционален туку како е израснат и воспитан. Не мислам дека да бидеш традиционален е негативно, ама мислам дека да бидеш ограничен е. Јас не сакам да се дружам со тие што се ограничени. Никогаш не реков дека сите традиционални луѓе се ограничени. И зборам од ускуство не заради тоа што имам предрасуди. Ми цитираш дел од моето мислење, ама незнам дали не го читаш останатиот или само пробуваш да најдеш нешто да ми противиш? Сигурна сум дека и ти не се дружиш со некои луѓе, така? И сигурно си имаш свои причини. Јас немам намера да бидат опкружена со луѓе кои не ме прифаќаат или ме осудуваат само заради тоа што не почитувам некои традиции. И незнам од кај најде дека јас ги осудувам. Само си констатирам. Факт е. И ти ми го потврди.

Не ни треба да ги ставаш во иста реченица иначе. И дефинирај ми ја педофилијата тука. Зашто во минатото склучувале бракови на 12 години. Тоа ДЕНЕС е педофилија, во минатото било нормално и традиција. А хомосексуалноста не верувам дека некогаш била легална или прифатена. Може да сум грешка. Убеди ме. Најди ми доказ.

Ме прашуваш што е тоа ново што треба да се прифати? Па мислам дека веќе се изјаснив на таа тема, ако не прочита убаво, еве ќе се цитирам
И да, СКОРО сите земји не го прифаќаат бракот меѓу два исто пола, ама се` повеќе и повеќе се прифаќа, така да, за некое време ќе биде дел од традицијата, сакал ти или нејќел. Исто како бракот меѓу црнци и белци. А ти што не го сметаш за напредно или успешно е твој проблем.
Или не го сметаш тоа за НОВО? Зашто инсистираш дека мора да е НОВО нешто? Неможе да е нешто што постоело од секогаш, ама никогаш не било прифатено и легално? Или треба да измислиме нешто само за да ја смениме традицијата? Не ти ја сфаќам поентата.
И незнам како не сфаќаш дека хомосексуалните бракови како дел од традицијата, може да донесе бенефит. Пред се`, нема да има толку многу самоубиства помеѓу младите затоа што се чувствуваат омаловажени. Друго, луѓето ќе сфатат дека да бидеш геј не е лошо или ненормално, па нема да ги омаловажуваат другите, со што пак се враќаме на првото. И ако нема дискриминација според сексуална ориентација, може да се намали и новото на дискриминација според било што. И можеби нема толку луѓе да бегаат од Македонија како сега што се случува. Ако не мислиш дека тоа е добро за општеството, тогаш незнам што да ти кажам.

Дали дедо ти ја тепал баба ти или они биле андерграунд?

Насилство има и денес, и денес има пијани мажи што тепаат жени како што имало и тогаш, Крпен Живот е пример за едно такво семејство.

Баба ми и дедо ми се живи уште, и другите баба и дедо ми се живи, никој од нив не тепал нити пак бил тепан, ако тоа било традиција и они ќе се тепале по дома, па сега и татко ми ќе ја тепаше мајка ми. Па дури ни бабата на баба ми не била тепана или па може ние сме среќна фамилија, по ова што читам изгледа ќе е така.

Епа еве јас ќе кажам, можеби тепањето не било веке традиција, ама дедо ми ја има удрено баба ми заради некоја банална глупост за време на една семејна вечера (тоа е колку што имам видено јас, а ако можел да ја удри пред сите нас, не сакам да замислам позади затворени врати како било). Незнам дали тоа го има преземо од неговите, ама среќа татко ми не ја почитувал неговата „традиција“.
 
Стереотипи, предрасуди и осуда и тоа најповеќе од оние кои се сметаат за модерни, современи или отворени умови. Башка отидоа муабетиве во феминизам и женски права :(
Толку им се капацитетите Луртз, а гледаш они неможат да се вадат на неписменост за своите стереотипи и предрасуди . Што ги прави исто гомно како оние од другата страна. ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom