Колку сме искрени самите со себе?

  • Креатор на темата Креатор на темата Joshua_Tree
  • Време на започнување Време на започнување
...се прашувам,колку сме искрени кога на една личност и кажеме "те сакам"?
...зборот во мојот речник не постои затоа што го сметам за лицемерен и себичен
...вашето мислење?
 
... искрено мене ми е глупо да се каже на особа која ја сакам со зборови во лице „те сакам“, а и да ми возврати така, нема потреба, делата си го покажува тоа, зборот нема тежина колку делата, зборот „те сакам“ може да биде моментална емоција, ама делата се долгорочни и вечни, нормално тоа е само мое мислење!
 
Премногу искрен.
Дури и понекогаш го гледам како проблем.
Во одредени моменти подобро би било да не бидам толку искрен со самиот себе.
Суперегото знае да ми зададе несфатилви стандарди и лимити.
 
Последно уредено:
Премногу искрен.
Дури и понекогаш го гледам како проблем.
Во одредени моменти подобро би било да не бидам толку искрен со самиот себе.
Суперегото знае да ми зададе несфатилви стандарди и лимити.
...или си искрен,или не си тоа
...секоја понатамошна анализа те внесува во мозочниот лавиринт на предпоставките и очекувањата
 
Сам себе неможе да се лажеш освен да не ја согледуваш реалноста а тоа не е лага туку само мисперцепција.
 
За да не бидеш искрен према себе треба да имаш дисоцијација (multiple personality disorder). Како инаку би се лажел себе си? Ај пред други ама себе?! Може да се преправаме пред други колку сакаме ама на крајот од денот знаеме кој сме и што сме, сите успеси, маани и пороци си ги знаеш. Меѓу ТЕБЕ и ТИ нема простор за ниедна лага.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom