Koлку ни е “бел образот“?

  • Креатор на темата Креатор на темата The_Red1
  • Време на започнување Време на започнување
морееее, како има да го наместам, не е ни свесен. ќе го јаде:cautious:
 
@The_Red1 Изгледа ти не ме разбираш...фактот дека јас знам дека некој украл нешто со моја согласност и со намера да ми го продаде мене за пола цена е она што мене ќе ме прогонува и ите како ме поврзува. Така да јас нема да бидам тој, ако рики влезе после мене и си напраи диал со батката онда тоа е на негова совест, не моја така?
Ова ти е активен и пасивен крадец. Ја незнам како може некој толку свесно да се залаже со муабетов "абе он го укра, не јас"???
За првиот дел во ред, лично и субјективно си е кој како си го доживува тоа. Тука не можам воопшто да се мешам.
Вториот дел, болдираниот збор не е соодветен. Нит си соучесник, нит помагаш, нит на било каков начин директно (а богами ни индиректно) си врзан со кражбата. Он не ти вика “Дали да го украдам?“, он ти вика “Имам исто вакво, дали ќе го купиш? Ако ДА, чекај ме пред продавница (хи-по-те-ти-чки) да ти го донесам, цената упола.“
Јас горе дадов конкретен пример како би било, ама по ова што го пишуваш ти никад не би се осудил да купиш нешто на старо од човек што не го знаеш. Само немој сега да се вадиш со “Ќе му барам фискална и гарантен лист да ми покаже кај го купил“, а пак ако не почнеш да се вадиш некако тогаш сам си го погазуваш зборот. Избери. :)
морееее, како има да го наместам, не е ни свесен. ќе го јаде:cautious:
Си осетил на твоја кожа, со радиото од колата а? :P
 
Главното:
Додека разгледувате ви се приближува човек што прв пат го гледате, не знаете ни кој е, ни што е (битно не е вработен!) и почнува муабет со вас. Целта му е да ви го (дипломатски кажано) “продаде“ производот за кој сте заинтересирани т.е. да го (улично кажано) украде производот за вас.

Настрана ставете ги следниве работи:
-Он не е вработен, не се сомневате во тоа.
-Вас не ви е битно како он ќе успее да го украде производот, битно ќе го украде.
-Производот ви го нуди на пола цена (само без кутија и без гаранција).
-После предавањето на производот никогаш повеќе нема да се видите.
Значи станува збор за 100% сигурно завршена работа, а како? - Воопшто не не интересира.

п.п.с. Истото се однесува и на лаптопите и телефоните, знам дека може веднаш после тоа да ве најдат ама идеме по претпоставка дека освен вие и крадецот никој друг нема да знае за украдениот производ.

За првиот дел во ред, лично и субјективно си е кој како си го доживува тоа. Тука не можам воопшто да се мешам.
Вториот дел, болдираниот збор не е соодветен. Нит си соучесник, нит помагаш, нит на било каков начин директно (а богами ни индиректно) си врзан со кражбата. Он не ти вика “Дали да го украдам?“, он ти вика “Имам исто вакво, дали ќе го купиш? Ако ДА, чекај ме пред продавница (хи-по-те-ти-чки) да ти го донесам, цената упола.“
Јас горе дадов конкретен пример како би било, ама по ова што го пишуваш ти никад не би се осудил да купиш нешто на старо од човек што не го знаеш. Само немој сега да се вадиш со “Ќе му барам фискална и гарантен лист да ми покаже кај го купил“, а пак ако не почнеш да се вадиш некако тогаш сам си го погазуваш зборот. Избери. :)

Значи ти сам си контрадикторен, ја постави темата и правилата и културно одговорив како јас би постапил и реагирал, според дадената ситуација во која ти сам наведе дека свесно знаеме дека некој ќе го украде тоа за нас, така? Пак ќе повторам, мојата совест не ми дозволува, да купам нешто украдено за мене.
Не ти е поставена темава као „сретнуваш батка у продавница и он ти вика еј абе те гледам ги меркаш лаптопиве, ја купив еден пред месец дена, сакам да го продадам ако си заинтересиран“ ова е сосема друг муабет. А и за ова имам одговор не дека се вадам, ако ја сум спремил 500евра за лаптоп, и сум пошол да купам нов, нема да се предомислам да купам на старо...Ако сум сакал на старо ќе сум барал купи-продај, така?
 
Добро, погрешно избрана “Имам исто вакво, дали ќе го купиш?“ реченица. Некако сакав тоа пасивен крадец да го разјаснам, што уште си стојам на моето дека воопшто не сум пасивен крадец. Крадецот се казнува, крадецот не можеш да го делиш на активен и пасивен. Можеш на крадец кој извршил кражба и соучесник. Како соучесник може да се јави помагач, соизвршител и поттикнувач. Ако судиме по главни дефиниции јас не спаѓам под ништо од ова. Останатите варијанти не се казниви т.е. ги нема т.е. ако ги нема тогаш јас не сум виновен.

За совеста дека ке те гризе и дека ке се превртуваш навечер не реков ни збор, тоа лично си е и не го оспорив. Целата работа ми беше пасивниот крадец.
 
Си осетил на твоја кожа, со радиото од колата а? :P
кај ти текна на тоа бре :pos:
ама тоа е сосема друг момент во муабетов. кога реков “ќе го јаде“ мислев на тоа дека ќе му кажам ДА, али со намера да го наместам. колку само мрзам такви лигуши, некој работи за тоа парче, можеби и штеди со месеци, за некој да му го украде. има да си го проплака мајчиното млеко ...... а во зависност од ситуацијата може да го снајде и ко радиото;)
 
Се сеќавам на муабетот во Ања, имам меморија и од збор до збор можам да го повторам истиот. Плус и на која форумџика и објаснуваше како се кршат прсти за 30тина секунди. :D

Ситуацијата стварно е мизерна. Ако прифатиш, тоа ти е нож со две сечила. Не сум бил вотаква ситуација и реално не знам како би реагирал, остај тука што терам инат. Мора некој да е цврсто на другата страна. :D

п.с. Овој коментар не може да биде искористен против мене! :D
 
Искрено, најверојатно би рекла да, во двете ситуации да е до мене само. Меѓутоа, имам партнер што е многу многу против такви работи, така да, најверојатно не би прифатила, затоа што не сакам ради пари да ме гледа другачие, иако знае дека би прифатила :D Може поише не сакам да ми јаде бубрези али не е битно. Битно го вади подоброто во мене :D

Е сеа, да се вратиме на тоа дека е само до мене. Имам многу ситуации во глава :D Сите се во ситуација да не може да ме фатат нели. Да можат, не би ризикувала.
Прво, да претпоставиме дека се работи за Apple производи, зашто ги обожавам и би ги купила сите :icon_lol: Особено ако можам да ги земам по пола цена нели. Иако ги обожавам, мислам дека бараат премногу пари. Без разлика, би ги дала тие пари за да си ги заштедам живците од нервози со Windows. Сепак, знам дека производите им ги прават во Кина каде што ги плаќаат премалку, а они после овде се збогатуваат. Значи, ги обожавам производите, ама не се согласувам баш со начинот на кој се направени. А кога купуваш од продавница, нели автоматски ги поддржуваш.

Да речеме сум отишла во Apple продавница и некој ми нуди да го купам производот по пола цена, без разлика дали сум влегла со намера да купам или не, би прифатила.

Ама, да е некоја приватна продавница, каде што знам дека сопствениците не се лоши луѓе и не продаваат производи со цел да се збогатат (збориме на голема сума на пари), туку само пробуваат да опстојат и ете да направат можеби нешто повеќе екстра, не би прифатила. Мајка ми има приватна фирма, и не би ми било баш убаво да би и` се случило нешто такво на неа.

Можеби ќе речете дека наоѓам начин да се осеќам подобро, и можеби е така, ама не е битно. Знам дека не е во ред (без разлика што The_Red1 вика дека не крадеш ти, сепак не е во ред), ама можам да живеам со тоа на мојата совест, затоа што многу пати мене/нас ни имаат украдено без да ги фатат. И можеби не треба да го правиш тоа што не сакаш да ти го прават, ама сигурно нема да патам или да одбијам нешто што ќе ми го олесни животот само за да пробам да го сменам светот. И ако тоа ме прави себична, не ме интересира.
 
Во двете ситуации не би прифатила, би гледала што побрзо да киднам но и не би го пријавила.
 
Се сеќавам на муабетот во Ања, имам меморија и од збор до збор можам да го повторам истиот. Плус и на која форумџика и објаснуваше како се кршат прсти за 30тина секунди. :D

Ситуацијата стварно е мизерна. Ако прифатиш, тоа ти е нож со две сечила. Не сум бил вотаква ситуација и реално не знам како би реагирал, остај тука што терам инат. Мора некој да е цврсто на другата страна. :D

п.с. Овој коментар не може да биде искористен против мене! :D
:) знам дека е со две сечила, али стара курва сум јас, па знам како да изиграм така.
ок е на која и да си страна, секој има право на свое мислење и свои акции. моето е дека сум против такви работи, затоа што го ценам личниот труд на човекот. туѓата своина е туѓа своина и нема тука што да бара некој од таму. ко сега што му се спремам на еден ми го чепка скутерот, не му се свиѓа кај го паркрам па ми го препаркирува за неговиот скутер да дојде на тоа место :mad:
 
Искрено, најверојатно би рекла да, во двете ситуации да е до мене само. Меѓутоа, имам партнер што е многу многу против такви работи, така да, најверојатно не би прифатила, затоа што не сакам ради пари да ме гледа другачие, иако знае дека би прифатила :D Може поише не сакам да ми јаде бубрези али не е битно. Битно го вади подоброто во мене :D
Океј, дојдовме до поентата - имав напишано дека за тоа само ти и крадецот ке знаете, никој друг. Али битно си кажа. :D
@The_Red1 ти помина сесијата и многу одвишок време имаш за да размислуваш вакви работи. Ај јависе да се видиме на кафе. :)
Уште ми трае, ова го мислам ден пред испит, се некои фикс идеи ми доаѓаат. :D
За кафе после 16ти може. Може накај Бисер во Грин кафе, многу е позитивно таму. (ако се вика уште така) :D

@kooperativa, овојпат како ке се извадиш? Му паднал скутерот право на прстите откако се лизна на лушпа од банана? :pos:
 
Океј, дојдовме до поентата - имав напишано дека за тоа само ти и крадецот ке знаете, никој друг. Али битно си кажа. :D

Си кажав да е само до мене да, ама факт е дека не кријам ништо од партнерот :) Така да, и да сум била сама во продавницата, сепак би го споделила тоа искуство на крајот на денот :) Особено ако се работи за првата ситуација, каде што не сум планирала да купам нешто.
 
Самиот факт што поседуваме два образи говори за чистината на нашиот образ.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom