Колку го пишуваме она што сакаат другите да го прочитаат?

  • Креатор на темата Креатор на темата Тикви4ка
  • Време на започнување Време на започнување
Се среќам често на форумов со трендот наречен: го пишувамона што сакаат другите да го прочитаат...
тоа го сретнав на темата за абортус... чепкањето по телефони... неверството... и доколку се појави некој маж со спотивно мислење одма го напаѓаат... абортусот е убиство... а дркањето е што?
онака глупаво делува никој никого не вара али сепак се вараат... абе луѓе коа сте почнале да пишувате барем дајте не се правите нешто што не сте...
колку го следите трендот наречен: го пишувам она што другите сакаат да го прочитаат?

( и сега ќе испадне дека нема никој таков )

Јас го пишувам тоа што сакам да го напишам, а кога на другите не им се допаѓа или се повлекувам и не коментирам повеќе или ме фаќа инат и си се препукувам на културен начин. Зависи за што се работи ... реагирам според тоа колку ми значи и би можело да ме навреди или не, нешто понатаму од дискусијата која би се развила.
Често се наоѓам како имам многу поразлично мислење од повеќето, но никогаш не се фрлам во толпата да го прифатам тоа што нејќам. На темите околу кои немам оформено мислење или не сум сигурна што би мислела утре или не коментирам или кажувам дека не сум сигурна, значи си оставам простор да променам мислење и утре да се согласам со тие со кои денес се "карам".
Знам само да се ограничам кога се работи за ептен интимни теми за мене, но се случува и тогаш да напишам по некој општ збор.
А за тоа дека и тука сум искрена, сведоци ми се луѓето кои ме знаат пред и после форумов и кои знаат дека држам до своите постови секогаш. За другите, баш и не ми е гајле.:pipi:
 
Јас мислам дека тоа го прават релативно поновите членови...​
 
Ја мислм дека нетреба така, пиши си она што имаш да го кажеш и толку, а понатамо дали некому тоа му се свиѓа или не тоа нее твоја работа .
Доколку и се допадне , тогаш супер, а ако не , тогаш одбрани го ставот свој со факти , а не од инат.
Без навреда до никого. :helou:
 
temata abortus e prikazna za sebe... nasata draga mila i sakana moderatorka imav osekjaj deka ke me raspnese zatoa sto sum za abortus
Некој ме повика?
Драга Тикви4ке,темата за абортус има преку 60 страни и во ниеден пост не сум кажала нешто што штрчи од следниот или предходниот,го држам барем за таа тема ставот толку цврсто во раце што нема шанса да ми се промени.Бујрум држи го и ти твојот став,тука сме да дискутираме,ако на секој твој пост велам да така е,исто мислиме,се согласувам тогаш не би се викала Наташа туку Тикви4ка.Не те терам да го промениш мислењето,но не ме терај ни јас моето.
Инаку пишувам тоа што го јас мислам,а мене ми е гајле што ти сакаш да прочиташ од мене,ако пишувам тоа што ти сакаш да го прочиташ тогаш би била за абортус(што нема никогаш да се случи)и би била дел од големината на таа тема кои го оправдуват абортусот(нели гз да ви лижам и да ме сакате)за моја среќа,ваша несреќа :) не сум таква.

Ај со здравје.
 
Стварно не знам зошто Тиквичка те измеша у темава. Ти си комплетно друг случај. Убаво е да имаш мислење и да се држиш до него, но! како модератор треба да бидеш непристрасна oносно сите да ги третираш исто, независно од мислењето. Јас некако осеќам дека баш во таа тема на некои луѓе им се дозволува да провоцираат, да навредуваат и да се повторуваат со постови од по само еден ред, само затоа што се на иста "страна" со модераторот. Мое мислење. Офтопик. Бришете ме :)

Човекот учи додека е жив. Треба секогаш да се остави можност нешто да ни го промени мислењето што го имаме денес. Така се расте и се созрева. Овој став (болдираното) ми зборува дека дискутирањето со тебе е беспредметно, пошто воопшто нема ни да ги разгледаш аргументите на противникот, а уште помалку да се замислиш над нив.
 
Секој си има право на свое мислење. Секогаш сум си го кажувала своето и навистина не ме интересира ако и дали на некого му смета тоа или не. Па ме нарекувале арогантна, дрска, наметлва не ме интересира. Јас си го бранам мојот став и се дури оној кој влегол во конфликт со мене не ми докаже дека грешам, зошто сепак сум човек па е нормално да правам грешки, си останувам на моето.

Точно е дека може и да променам мислење во случај ако немам лично искуство во врска со тоа прашање. Форумот е за дискусии и за јавно излагање на она во што веруваш. Ако на некого не му се допаѓа ок. Се додека е културен и фино образложува е во ред, но навреди од било каков тип не поднесувам.
 
Стварно не знам зошто Тиквичка те измеша у темава. Ти си комплетно друг случај. Убаво е да имаш мислење и да се држиш до него, но! како модератор треба да бидеш непристрасна oносно сите да ги третираш исто, независно од мислењето. Јас некако осеќам дека баш во таа тема на некои луѓе им се дозволува да провоцираат, да навредуваат и да се повторуваат со постови од по само еден ред, само затоа што се на иста "страна" со модераторот. Мое мислење. Офтопик. Бришете ме :)
Незнам што сте се фатиле за мене ко ќорав за стап :helou:Јас пак осеќам дека баш таа тема ви боде во очи,ајт разгледај ја темата од почеток до крај(многу е знам 60 страници)и провери кој како пишувал и кој колку е бришен.И да,ако сум модератор немам право да си стојам на мојот став?И премиер да ме стават пак сум на исто :) (ама тешко со мојот став да стигнам на таква функција,денес се бара демократија ;) )

Човекот учи додека е жив. Треба секогаш да се остави можност нешто да ни го промени мислењето што го имаме денес. Така се расте и се созрева. Овој став (болдираното) ми зборува дека дискутирањето со тебе е беспредметно, пошто воопшто нема ни да ги разгледаш аргументите на противникот, а уште помалку да се замислиш над нив.
Да,скоро секогаш оставам можност да го променам мислењето ако увидам дека не сум во право или грешам,НО реков скоро а во скоро не спаѓа абортусот.И уште едно да,со мене на таа тема не треба да се мачи човек да навлегува во дискусија залудно е.Кој признава половина му се опростува :) И да не ја претвориме темата во „Наташа и нејзиниот став„ дека гледам беше накај мене насочена индиректно,терајте ја во друг правец попаметно би било.
И така.
 
Јас и надвор од форумот и на форумот ги имам истите ставови,тие што ме знаат го знаат тоа,а сега ако има некој што мисли дека летам во кривини или дека лажам тоа е нивни проблем.
Сега сигурно нема да се правдам и да објаснувам од еден до друг дека сум искрена.Плус и најискрено не ни гледам причина зашто би глумела лудило на форум.Тоа ми нема логика,зашто е сепак форум за дискусии и не гледам зашто некој би се правел нешто што не е и би лажел за своите ставови.
Јас сум таа,дури некогаш и претерувам со отворањето на форум,дури и премногу кажувам.:)
И така...како и да е,ќе повторам уште еднаш - тие што ме знаат,знаат која сум,знаат кои се моите ставови и знаат како размислувам и дека кај мене нема двојни мислења или дека едно зборам,друго правам.
И држам до моите ставови секогаш.Дрска не сум,освен некогаш и тоа обично треба да бидам премногу испровоцирана за да ми се случи такво нешто.Секогаш гледам да си го држам моето ниво.
Си го искажувам мојот став,а и гледам да не се расправам многу,си држам до мојот став,ама па кога гледам дека дискусијата не води никаде и дека само се врти во круг и дека почнувам да се повторувам,обично се повлекувам од дискусијата,па по некое време знам кога сметам дека имам нешто ново да кажам да се навратам на дискусијата.
 
Некогаш пишувам тоа што сакаат другите да чујат, а некогаш не.
На крај на денот се обидувам да напишам нешто што другите не сакаат да го читаат на начин да не се навредат...дипломатски начин.

Но се зависи од денот и од расположење.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom