Колку е штетен стресот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Јас си го сакам стерсот тој е дел од мене и го прифаќам како таков и нема да му дозволам да ме разболе затоа што уживам во него.
 
Mnogu e steten stresot nego od kaj poteknuva? Toj e posledica na nasite nadezi i ochekuvanja, ne ochekuvaj nisto ne se nadaj na bolje i nema nikad da se razocharas to est nema da imash stresovi, samo problemot e shto prirodno neame bolja alternativa osven da si praime bajram na umot!
 
Стресот е многу штетен дури и резултира со губење на килограми од нервоза и многу стресна состојба :)
 
Многу е штетен и може да се појават психосоматски болести ако трае подолго време
 
Во денешно време постојано сме изложени на стрес ,но треба да знаеме како да се справуваме со тоа бидејки предизвикува сериозни последици како што кажаа физички и психички,но се е до нас...секогаш со позитивна мисла се ослободуваме од стресот исто така многу помага вежбањето,се повеќе да се релаксираме ,барајте начин да се надминува!
 
После листањево на темава забележав дека најголем број од постовите тераат во насока дека денес сме изложени на стресни ситуации постојано и дека тоа е дел од нас и од нашето секојдневие. Да очигледно тоа е така но мене ми се наметнува две прашање тука. Дали треба да живееме со тоа дека едноставно стресот е дел од нашето секојдневие и како таков да го прифатиме? и Дали тоа значи дека ако сакаш да успееш во животот мора да бидеш "Заложник на стресот"?
Мојот одговор за прашањава горе е НЕ а еве зошто.
Мислам дека едноставно треба да се обидеме да го минимизираме стресот на минимум(ако не успееме целосно) а не како таков да го прифатиме како дел од нашето секојдневие и да си кажуваме секој ден
-Да таков е животот денес стресен мора така да биде ништо неможам против тоа.
Секако дека неможеме ништо во врска со тоа НО само ако тоа го прифатиме така и не се бориме против тоа. Значи во никој случај не смееме да размислуваме така пошто ако нешто не ни се допаѓа треба да делуваме тоа да го промениме онака како што нам најдобро ке ни биде не да оставиме едноставно тоа да се случува зошто денес такво било времето во кое што сме живееле. Само да потсетам ова време во кое живееме го креираме НИЕ луѓето. Така да секако дека секој може да си го најде своето место во општеството, онаму каде што неговото тело најмалку би било изложено на стресни ситуации а сепак да биде успешен. Исто така немојте за безвезни ситуации да се нервирате бидејќи размислете многу е едноставно ако јас се нервирам за многу безвезни ситуации денес, утре и така натаму дали со тоа ќе променам нешто НЕ освен своето здравје(како што имаше напишано еден член претходно) така да оставете коцките сами нека си се наредат а вие правете го тоа моментално што мислите дека е најдобро. На тој начин значително би го намалиле стресот а истовремено кога сме посмирени многу сме поефективни и подобри одлуки донесуваме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom