Колку долго треба да се чува храната во фрижидер?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.400
Поени од реакции
35.043
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Остатоци од ручекот и отворени намирници
Сигурно сте дошле во ситуација кога не знаете дали остатоците од храната од пред некој ден или мајонезот на кој сте заборавиле, се расипани или слободно можете да ги изедете. Повеќето во вакви случаи се потпираат на сетилото за мирис, но не секогаш може носот правилно да оцени.
kolku-dolgo-treba-da-se-chuva-hranata-vo-frizhider-77286.jpg


За да не дојдете во ситуација да „истурите црева“ поради расипана храна или непријатна миризба да го зафати целиот фрижидер, потребно е да знаете која храна колку време смеете да ја чувате во фрижидер, до кога е океј за консумација, а кога се расипува. Еве неколку правила за чување на одредени видови храна, а ги пренесува Huffington Post.

Која храна колку да ја чувате?

Одредени намирници имаа различен рок на траење доколку се отворени еднаш или неотпакувани, како и дали се чуваат во обичен фрижидер или во замрзнувач.
Супите и гулашот во фрижидер можат да издржат најмногу три до четири дена, додека смрзнати најдолго можете да ги чувате до три месеци. Неотворените виршли во фрижидер издржуваат две недели, додека отворените една недела. Доколку ги смрзнете, можат да издржат нешто подолго од два месеца.

Сладоледот кој секако го чувате во замрзнувачот е на сигурно два до четири месеца, а мајонезот ставен во фрижидер, фрлете го по два месеца после отворањето. Меленото месо во замрзнувач издржува до четири месеца, а доколку го ставите во фрижидер со намера да го зготвите, направете го тоа во период од еден до два дена најдоцна.

Приготвената риба во фрижидер издржува три до четири дена, а замрзнатата најдолго шест месеци. Останатите меса - јагнешко, свинско и говедски стекови имаат малку подолг рок на траење, но не ги чувајте замрзнати подолго од една година, а во фрижидер подолго од пет дена.


Ако не сте љубители на јајца, купувајте помали пакувања и не ги чувајте подолго од три недели во фрижидер. Отвореното млеко издржува седум дена, а маргаринот од еден до три месеци. Рокот на траење на сирењето зависи од неговиот вид - меките траат околу една недела во фрижидер, додека тврдите видови издржуваат нешто подолго, скоро еден месец. Доколку ви остане од нарачаната пица или некоја друга готова храна, потрудете се да ги изедете во рок од три-четири дена.

Освен рокот на траење на храната, доста важно за нејзиното зачувување е начинот на кој ќе ја спакувате, како и чистината на фрижидерот.

Температура

Одржувајте ја температурата во фрижидерот до четири степени, бидејќи бактериите успешно се развиваат и размножуваат на температура од четири до шеесет степени.

Чистење

Одржувањето на чистината на фрижидерот е доста важно во одржување на храната здрава и свежа, како и за зачувување на вашето здравје. Ако нешто ви се истури, треба веднаш да го избришете, додека „генералка“ на фрижидерот практикувајте еднаш неделно, користејќи дестилирана вода и оцет.


Пакување на храната

За намалување на ризикот цел фрижидер да ви засмрди на одредена храна, практикувајте остатоците да ги ставате во сад со капак или завиткајте ја чинијата со алуминиумска фолија. На овој начин, освен миризбата, ќе спречите и меѓусебна контаминација на оброците и намирниците. Ставањето на храната во фрижидер практикувајте ја два часа по готвењето, а во лето најмногу после еден час.

Ладење на храната

Бидејќи не се препорачува ставање на топла храна во фрижидер, најдобар начин за да ја оладите е да ја ставите во затворен сад, кој ќе го сместите во ладна вода.

Загревање

Загревањето на остатоците од претходниот ден практикувајте го на температура повисока од шеесет Целзиусови степени.

Нормално, во одредени случаи, храната може да истрае и подолго од тоа што го наведовме, но ако не би го ризикувале вашето здравје само за да „заштедите“ на остатоците, тогаш најдобро е да ја користите храната во предвидениот рок.

виа Кајгана
 
Не пишале за пилетина :D али ваљда ништо нема да им биде на стековите,1 вечер ако преноќат во фрижидер,за утредента да се готови за јадење...зготвени мислам...:)
 
Не пишале за пилетина :D али ваљда ништо нема да им биде на стековите,1 вечер ако преноќат во фрижидер,за утредента да се готови за јадење...зготвени мислам...:)
Нема никаков проблем :)
 
Ретко кога ми останува храна за утре... бидејќи гледам да зготвам колку што е потребно, и до сега не сум и дала на децата од вчера јадење, јас и сопругот да ама на нив гледам секогаш да е тазе зготвено, колку и да е заштитена храната секогаш е подобра кога е тазе, е сега леб нормално можеш чуда праиш и со бајтиот леб, но манџи, чорби и печени работи нема шанси, се готви, се јаде, што останало во канта или маче, куче надвор :)
Другите работи како сирење или месо што ќе ми остане прво ги прекривам со онаа прозиранта фолија па одозгора ги затоврам убаво херметички за да не попримат другите производи од мирисот и обратно.
Многу е добро да се чува тазе магданос во фрижидерот или парче од свежо овошје како што е диња (во лето), лимон или портокал (зима), успешно ги упиваат мирисите.
 
среќа немам вакви проблеми ;)
колку и да е полн фрижидерот со јадење за неколку дена ќе биде испразнет , а за неколку дена без разлика што е нема да се расипе... барем кај мене дома е така со храната :vozbud:
 
Ретко кога ми останува храна за утре... бидејќи гледам да зготвам колку што е потребно, и до сега не сум и дала на децата од вчера јадење, јас и сопругот да ама на нив гледам секогаш да е тазе зготвено, колку и да е заштитена храната секогаш е подобра кога е тазе, е сега леб нормално можеш чуда праиш и со бајтиот леб, но манџи, чорби и печени работи нема шанси, се готви, се јаде, што останало во канта или маче, куче надвор :)
Другите работи како сирење или месо што ќе ми остане прво ги прекривам со онаа прозиранта фолија па одозгора ги затоврам убаво херметички за да не попримат другите производи од мирисот и обратно.
Многу е добро да се чува тазе магданос во фрижидерот или парче од свежо овошје како што е диња (во лето), лимон или портокал (зима), успешно ги упиваат мирисите.

И кај мене беше така до сега...ама од сега ќе морам да јадам и од вечер зготвено :confused: ама јбг,мора :D
 
И кај мене беше така до сега...ама од сега ќе морам да јадам и од вечер зготвено :confused: ама јбг,мора :D

Епа кога се мора нема што, ќе јадеш и ќе си свиркаш :) Не си ти малечок, имаш по отопрен организам :)
 
немојте селско тавче( печурки и месо) да го чувате подолго од една недела во фрижидер. trust me on this!!
инаку не беше расипано и го имав заборавено. бев гладен и случајно го најдов и го јадов цело. ееее тоа беше долга вечер.
јас свртисе стомакот по неколку секунди по мене се врти.
ама упорен бев и ја сварив храната, ништо не повратив. што би рекле имам крокодилски стомак, се вари:)
 
Не чувам храна многу во фрижидер, тоа што ќе остане оди право за кучето :)
 
Замрзнувањето на храната не само за продолжување на рокот на траење, туку и за подобрување на безбедноста на храната!


.... на пример со замрзнување на рибата, се елиминира штетниците како што е паразитот во рибата анисакис кои е заразен за човекот и предизвикува инфективна болест анисакијаза, замрзнувањето кај овошје и зеленчук помага да се зачуваат хранливите материи на подолг рок...итн.

...често пати ми снемува леб и тоа во викенд време, најчесто недела, а токму тогаш ми се јаде ништо ако не е комбинација со леб, беља работа!


Screenshot 03-23-2025 14.18.07.png

... но, тоа сега е минато, зашто најдов решение, па во замрзнувачот секогаш чувам резерва по неколку векни леб (смрзнат), но не само тоа да имам леб во секое време, туку замрзнувањето на лебот пред да го јадам има позитивно влијание врз цревната флора т.е цревните бактерии.

...ај накратко што е дополнително добро што го замрзнувам лебот пред да го јадам:
(80% од содржината на пченицата содржи скроб кој кога лебот е замрзнат, поминува низ процес на модифицирње, а неговата структура се менува и станува еден вид на влакна кои цревата не можат целосно да ги апсорбираат, па како таков неапсорбирани одат понатака низ цревата до дебело црево за да се исфрли, овој модифициран скроб т.н резистентен скроб нашите бактерии во цревата го користат како нивна храна, убајна за нашите цревни бактерии и од тој резистентен скроб нашите бактерии создаваат масна киселина „бутират“која има главна улога во намалувањето на цревното воспаление и голема поддршка за здрави црева.)

- ете затоа имајте навика, понекогаш јадете одмрзнат леб! :smirce:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom