Кој Универзитет во Македонија го сметате за најдобро организиран ?

  • Креатор на темата Креатор на темата zdravkovic
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 јули 2010
Мислења
18
Поени од реакции
0
Не битно дали е Приватен или Државен кој Универзитет е најдобар во Република Македонија според вас , и вашите мислења и искуства ?
 
За нечие мислење да се смета за релевантно треба да ги има “поминато“ сите универзитети.
Вака можеме само да нагаѓаме.
 
за најдобро организиран? Американ Колеџ - не дека сум студент таму па му го кревам рејтингот ама програмата се знае од првиот ден до последниот точен датум точен саат точна лабараторија како и кои се професори асистенти и слично.. имам многу причини да го фалам факултетот ама да не бидам ептен нападен. ако некој го интересира повеќе што како зашто нека праша ке му објасам се што знам
 
јас имам многу ниско мислење за приватните универзитети,(не дека нема пропусти и во државните) не сакам никого да навредам, меѓутоа имам другари кој студираат на Европски и Американ, па од тоа што го слушам од нив навистина ми личи како градинка за полнолетни, јас сум студент на Машински, на УКИМ, и што се однесува до квалитетот на универзитетот сметам дека нема подобра и посериозна институција од тој калибар. Уште еднаш ќе напоменам, не сакам никого да се најде навреден во текстот....
 
Ретко некој универзитет во МКД да биде добро организиран,впрочем што други ни е организирано во државава па и ова да биде.
 
Битолскиот Универзитет ( и особено Факултетите настрана од Битола ,ФТОН-Охрид и Економски Факултет-Прилеп) (с)е катастрофа!
 
За најдобар не знам, ама за прилично лош по организација е Економскиот факултет, УКИМ. Неверојатен хаос при организација на било каква активност, од пријавување на испити, земање потписи, оценки до добивање на резултати итн.
 
Хм сега баш ке пишував дека Економски е добро организиран. Точно се знае кога се пријавуват испити кога се заверува семестар и тоа уште на почетокот на годината се знае тоа. Се знае и потписи кога се зимаат последната недела, последните предавања. Кога ке истакнат датум за оценки се придружуваат, никогаш барем до сега не се случило да не добиеш оценка на датумот за земање оценки.
Што се однесува до полгањето колоквиуми и испити. Навремено обајвуваат кога кој предмет се полага и секогаш сме почнувале на време. Не се случило професорот да заборави дека денес има колоквиум.

Што се однесува за најлошо органзииран би го издбоила Филолошки факултет Блаже КОнески Скопје. Сестра ми студира таму и може да се случи професорката да ја чекаат по 2-3 саата да дојде за да полаагаат, а често и да заборави дека денес има испит. По 2-3 недели почнати со настава они сеуште немаат распоред.
Тоа мене никогаш не ми се случило кај нас на Економски.
 
Да се надоврзам.
Се има случувано да те шетаат од просторија до просторија за да полагаш, но тоа е поради ограничениот простор и преголемиот број на студенти(тука е виновна и кампањата: Запиши се на факултет, не ја зголемувај бројката на невработени).
Земањето на оценки/потписи и хаосот што некогаш се ствара е поради професорите и никој друг, особено кај оние предмети во прва година.
 
Ептен е добро организиран економски дури да се изначудиш :) Вежбите ти почнуваат по завршување на колоквиум... асистент појавување само по телевизии ... па добро ако гледаме само на крупни работи тогаш не видов до сега некој професор да заборави дека има колоквиум... ама не е ова малце смешно за да се случи ... и дали ова треба да се смета како аргумент за добра организираност? па фала богу тоа им е работа ниту копаат ниту мешаат малтер... :tapp:
 
Хм сега баш ке пишував дека Економски е добро организиран. Точно се знае кога се пријавуват испити кога се заверува семестар и тоа уште на почетокот на годината се знае тоа. Се знае и потписи кога се зимаат последната недела, последните предавања. Кога ке истакнат датум за оценки се придружуваат, никогаш барем до сега не се случило да не добиеш оценка на датумот за земање оценки.
Што се однесува до полгањето колоквиуми и испити. Навремено обајвуваат кога кој предмет се полага и секогаш сме почнувале на време. Не се случило професорот да заборави дека денес има колоквиум.

Што се однесува за најлошо органзииран би го издбоила Филолошки факултет Блаже КОнески Скопје. Сестра ми студира таму и може да се случи професорката да ја чекаат по 2-3 саата да дојде за да полаагаат, а често и да заборави дека денес има испит. По 2-3 недели почнати со настава они сеуште немаат распоред.
Тоа мене никогаш не ми се случило кај нас на Економски.

Фала богу не се случило да заборават дека имаат колоквиум/испит, не зборуваме за тие работи. Зборот ми беше на пример 90% од резултатите се истакнуваат само на факултет, каде што треба да ги бараш на која табла во купот списоци се и да се буткаш да се најдеш на листата, а можат толку цивилизирано да ги стават на страната на интернет впрочем за тоа и служи. Ама колку што гледам таа е повеќе во служба на дисперзираните студии, повеќе информации има за нив :)
 
Не е точно ова. Отвори на интернет и погледни да видиш дека 80% од резултатите ги има на веб-страната. ама ете уште постојат некои принципиелни и конзервативни професори кои не истакнуваат резултати на интернет. Ама тоа секаде го има, за другото можам да кажам дека е организирано добро и се е однапред точно определено.
 
Не ми се верува каква тема, па уште и одговоривме ме зачудија:) Универзитет е едно, а факултет е друго.

Општо земено неможеш да кажеш кој е најдобар. Секој со своето искуство ќе ти каже дали чини или не. Ако некој паѓал на државен и не бил способен да го заврши, нормално е да плука по професорите/факултетот/универзитетот. Нели и во средно кога незнаевме, професорката ни беше крива:)

Според мене, главно организацијата си ја водат самите професори, и тоа ние што го гледаме е како ни се организирани предавањата, вежбите, материјалите и сл. А овие работи варираат од професор до професор, и се разбира варираат и од бројката на студенти. Нели полесно е да се справиш со 20 студенти одколку со 320.

Администрацијата секаде е мислам катастрофа, утепуваат со папирологии, али тоа е. На приватните е посредена администрацијата... меѓутоа тоа се 1-2 дена во семестарот, ќе се преживеат како и да е.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom