Кој ќе биде европскиот идол?

  • Креатор на темата Креатор на темата ***king***
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.981
Поени од реакции
2.166
Локација
Тука негде наоколу
Кој ќе биде европскиот идол?



Европска Унија
Кој ќе биде претседател на ЕУ? Откако Лисабонската спогодба помина на ирскиот референдум, почнаа да “фрчат облози” за тоа кој ќе биде идниот претседател на ЕУ. Шпекулациите веќе почнаа, се нарачуваат анкети, се испраќаат писма на поддршка за одредени кандидати, Брисел веќе е зафатен во мрежа на лобирања. Иако во суштина станува збор за бирократија типична за Брисел, како што вели магазинот Форин полиси, трката за претседателството даде некаква динамика.
Како што политичарите пуштаа шпекулации за тоа кој би можел да биде идниот “европски идол”, така се формираа и низа неформални критериуми кои треба да ги има идниот лидер на Унијата.
Форин полиси дури и ги набројува, па врз основа на нив и на листата на евентуалните кандидати, направи и рангирање.
Прво, претседателот, според магазинот, треба да биде здодевен и бирократ - како што е и самиот Брисел. Политичарите ги исфрлаат од листата премногу конзервативните или премногу искрените. Второ, тој би требало, според своите политички убедувања, да доаѓа од десниот центар или да биде демохристијанин, имајќи предвид дека и самата Европа ја има таа тенденција. Трето, тој треба да потекнува од земја што ги користи еврото - покажувајќи целосна верност на концептот на Унијата. Четврто, тој треба да доаѓа од мала европска земја - нешто друго освен Британија, Франција, Германија и Италија, коишто вообичаено доминираат во работата на Унијата. Конечно, две карактеристики како вајлд кард: треба идеално да зборува француски и да се спротивстави на американската инвазија на Ирак од 2003 г., ако не сега, барем во догледно време.

БЕРТИ АХЕРН

Функција: премиер на Ирска од 1997 до 2008 г.
Политички поглед: десен центар, про-бизнис
Коефициент: 10 спрема 1
Ахерн помогна при услогласувањето на Мировниот договор за Северна Ирска и од ирската економија направи една од најбрзорастечките во Европа, за што го доби прекарот “келтскиот тигар”. Но тој, исто така, беше одговорен за грдежничкиот бум и банкарските кредити, кои ја донесоа Ирска во депресија кога глобалната финансиска криза го достигна својот врв. Си поднесе оставка од позицијата премиер поради скандалот со подготовка на кампања од нелегални донации. Ахерн ги има симпатиите и е почитуван како човек од збор. Тој неодамна доби поддршка од полскиот премиер Доналд Туск (иако остава резерва да ја повлече поддршката ако поранешниот полски претседател Александар Квашински се реши да се кандидира за оваа функција).

АНДЕРС ФОГ РАСМУСЕН

Функција: премиер на Данска од 2001 до 2009 г., во моментов генерален секретар на НАТО
Политички погледи: десен центар, демохристијанин, слободен либерален пазар
Коефициент: 6 спрема 1
Овој дански Дон (често ословуван како најзгодниот европски лидер, но поздодевен од Силвио Берслукони) е интелигентен, популарен, припаѓа на центарот. Со неговата моментна позиција на генерален секретар на НАТО стана доминантен фактор на европската политичка сцена. Но, мора да се знае и тоа дека тој ја доби оваа работа благодарение на поддршката на САД. Инаку, силно се спротивставува на Турција (тој е данскиот премиер кој одби да се извини за карикатурите на Мухамед кои беа објавени во дански весник пред неколку години). Ја има поддршката поради добрите говори за проширувањето на Европската Унија во 2002 г. Неговите шанси да застане на чело на новата функција се намалуваат поради одредени прашања против ЕУ, како што е, на пример, одлуката да не се користи еврото или, пак, спротивставување на заеднички договор за одбрана. Но, Расмусен за да ги реши дилемите организираше референдуми и за двете прашања, за еврото и за проширувањето на ЕУ. Според наведените критериуми, тој го исполнува и условот да доаѓа од недоминантна држава од ЕУ.

ПАВО ЛИПОНЕН

Функција: премиер на Финска од 1995 до 2003 г.
Политички поглед: лев центар, социјалдемократ
Коефициент: 5 спрема 1
Липонен често се наведува како водечки кандидат кој може да ги победи сите, иако не е јасно дали ја има поддршката на Велика Британија, Франција и Германија. Тој успеа Финска, традиционално неутрална земја која долго време се противеше на Европа, да ја внесе во Европската Унија. Тој беше и останува ориентиран кон консензус, што е доволно за да се ублажи Брисел. Тој течно говори француски и англиски, двете премолчени барања. Сепак, има две работи кои не му одат во прилог. Прво, Липонен е социјалдемократ во време кога Европа се движи десно. Второ, имаше обвинувања дека тој ја поддржа американската инвазија на Ирак, одлука што придонесе да ја загуби позицијата како премиер. Аналитичарите исто така му забележуваат дека со неговиот избор може да имплицира претседателот на ЕУ да добие само минималистичка и домашна улога. Тој е многу почитуван во Европа, но нема голема меѓународна моќ.

ЖАН КЛОД ЖУНКЕР

Функција: премиер на Луксембург од 1995 г., претседател на Еврогруп
Политички поглед: конзервативец, демохристијанин
Коефициент: 4 спрема 1
Жункер во моментов е премиер со најдолг мандат во Европа, интегративно настроен, популарен и во континентот и во неговата земја. Тој е еден од основните архитекти на Договорот од Мастрихт, кој доведе до создавање на еврото. Тој, исто така, го иницираше “Луксембуршкиот процесс” за интеграција на европската политика против невработеноста. Жункер, главно, е ненападен, што во Брисел се смета за голема предност. Но, тој силно се залага претседателството на ЕУ да се даде на мала држава, по можност некоја од т.н. нова Европа, како спротивност на старата Европа, особено не Германија или Велика Британија. Од оваа кавга, аналитичарите сметаат дека може да “летаат пердуви”. Британските министри веќе го покренаа прашањето на федерализмот на Жункер (кој се залага за помонолитни и силни европски политики), што може да го блокира неговото кандидирање.


ЈАН ПЕТЕР БАЛКЕНДЕ

Функција: премиер на Холандија од 2002 г.
Политички погледи: демохристијанин
Коефициент: 3 спрема 1
Блакенде, кого холандските новинари го нарекуваат Хари Потер поради неговиот младешки изглед и стил, има неколку адути на своја страна (Всушност, тој и Жункер се единствените двајца политичари кои, се чини, дека сите аналитичари ги спомнуваат. Конзервативец, но во владината коалиција добро соработува со лево ориентираните партии. Неговата предност е што потекнува од една од Бенелукс-државите, со нагласени проевропски погледи. Мек е во своите говори, што може да се смета како предност, бидејќи со тоа не создава непријатели.


ТОНИ БЛЕР


Функција: премиер на Велика Британија од 1997 до 2007 г.
Политички погледи: лабурист, лев центар
Коефициент: 2 спрема 1
Блер е најчесто споменуваното име како иден претседател на ЕУ и, не случајно, најпознатиот политичар во Европа. Како лидер на британската централно-лева лабуристичка партија, тој беше одговорен за експанзијата на британската економија подолг период. Посочен е по тоа што е силен поддржувач на американската војна во Ирак и по неговиот евроскептицизам. Впрочем, не го прифати еврото како валута и се спротивстави на економското и одбранбеното интегрирање на континентот. Познат е и по тоа што, додека беше премиер, го сметаа за “пудлата” на Буш. Она што е џокер во ракавот на Блер е неговата клучна улога во меѓународните односи, што не го достигна ниту еден друг Европеец. Ако Европа сака да покаже дека е рамна на САД и на Кина во меѓународните односи, Блер ќе биде претседателот кој ќе управува со најголемо внимание. Аналитичарите не можат да се одлучат дали тоа е аргумент кој оди “за” или “против” него.


http://www.time.mk/read/NONE/1a656a5d04/index.html
 
Back
На врв Bottom