Кој ја заборави саботата

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Саботата како свет ден, ден посветен на Бога и почит кон него и неговото дело е од почетокот на создавањето.

2. И ги заврши Бог до седмиот ден делата Свои, што ги направи и си отпочина во седмиот ден од сите дела Свои што ги создаде

3. И го благослови Бог седмиот ден, и го освети, зашто во тој ден си отпочина од сите дела Свои, што ги направи и создаде
Прва Мојсиева 2

Кога на Мојсие му ги дава заповедите Свои, од 10 Божји заповести 4 се однесуваат на почитување на саботата како ден божји

8. Помни го денот саботен, за да го празнуваш

9. Шест дена работи, и сврши ги во нив сите работи свои;

10. а седмиот ден е сабота Господова; тогаш немој да вршиш никаква работа, ни ти, ни синот твој, ни ќерката твоја, ни слугата твој, ни слугинката твоја, ни волот твој, ни ослето твое, ниту придојдениот кој се наоѓа кај тебе

11. оти за шест дена ги создаде Господ небото и земјата морето и се што е во нив; а во седмиот ден си отпочина: заради тоаГоспод го благослови седмиот ден и го освети
Втора Мојсиева 20

Мојсије верно му ја пренесува заповедта Господова на народот и им вели:

2. Шест дена да се работи и седмиот ден да ви биде одмор, зашто е света сабота, почивка на Господа; секој што ќе работи во тој ден, со смрт да се казни

Низ светите писма постојано има потцетувања и опомени да се пази и почитува саботата како свет ден, ден на Господа

12. Пази го саботниот ден, за да ти биде свет, како што ти заповедал Господ, твојот Бог
Петта Мојсиева 5

14. И им ја покажа Твојата света сабота и преку Твојот слуга Мојсеј, им даде заповеди, наредби и закон
Неемија 9

21. Вака вели Господ: пазете ги душите свои и не носете товар во саботен ден и не внесувајте го низ портите ерусалемски
Јеремија 17

2. Блажен е човекот кој го прави тоа, и синот човечки, кој здраво се придржува за тоа, кој пази на саботата да не ја оскверни и ј ачува раката своја- за да не врши никакво зло
Исаија 56

13. Ако заради саботата на воздржиш ногата своја да ги исполнува желбите на воето срце во светиот Мој ден, и ако ја нарекуваш саботата радост, свет ден Господов, ако ја празнуваш и ако ја почитуваш со тоа да не се занимаваш со обичните работи, да им угодуваш на своите грешни желби и да празнословуваш
Исаија 58

итн...итн...итн

сега имаме ситуација да Недела е поставена како свет ден на Христијаните, празник кон Господа Бога, иако предупредувањата беа јасни:

3. Никојда не ве измами ни по каков начин; оти оној ден нема да настапи додека најнапред не дојде отпаѓањето и не се открие човекот на гревот, синот на погибелта
Второ до Солунјаните 2

А и последиците, на страшниот суд на живите и мртвите ќе им се суди спрема законите и заповедите Божји, оние кои беа похранети во заветниот ковчег, а од кои 10 заповеди, 4 се однесуваа за почитување на саботата

19 Тогаш на небото се отвори храмот на Бога, и се јави ковчег на заветот во Неговиот храм; и имаше светкавици и гласови, громови и земјотрес и град голем
Откровение 11

Прашањето на овој подолг вовед е?
Кој и зошто ја смени саботата во недела?
Поради која причина мнораше да се направи така?
 
ZARADI PROMENATA NA KLIMATSKITE USLOVI VREMETO NA PSIHOFIZICKATA SOSTOJBA NA MOLEKULARNIOT SISTEM GRAVITACIONITE TELA SE VOZDRZUVAAT OD MENTALNI I OPSTONARODNI ZAKLUCOCI. ZATOA DENES IMAME DVE INTERPLANETARNI RAKETI KOJ GI POVRZUVAAT NASITE SVETOVI SO...BLA BLA BLA
OTIDE JUDA I SE OBESI.
 
OTIDE JUDA I SE OBESI.

Дали Јуда навистина се обеси или таа прикаска е ... неточна... кој беше Јуда...
Ха , ете уште една нова тема за размислување и пишување

Исус рече: Ако не постиш на овој свет, нема да го пронајдите царството, ако не го светкувате Сабат како Сабат нема да го видите Таткото

Евангелие по Тома
 
Член на раководството напиша:
Исус рече: Ако не постиш на овој свет, нема да го пронајдите царството, ако не го светкувате Сабат како Сабат нема да го видите Таткото

Евангелие по Тома

Sabat kao BLACK SABBATH...?:kesa:

Шабатот е ДАДЕН
Не го заменува и не го укинува
Тоа и јас го кажувам

Nikoj ne spomna ukinuva, tuku ti BOLNO go nametnuvas i forsiras nekoj sporedni raboti...!:salut:
 
Sabat kao BLACK SABBATH...?:kesa:
Да ама оригиналната постава со Ози. Додуше и некои работи со Рони се добри (Гилан не)
Имам еден редок албум на живо Блек Сабат со Гилан.....
 
Дали Јуда навистина се обеси или таа прикаска е ... неточна... кој беше Јуда...
Ха , ете уште една нова тема за размислување и пишување
А дали исус постоеше или таа прикаска е исто така неточна. Се е ова работи што ги пишува во една голема книга што се менувала со текот на вековите Х пати
 
За исус е точно дека не знаиме 100% дали постоел. Моето мислење после децении проучување е дека постоел, но каој и каков бил, што и дали проповедал.... тоа е занимливото. Целата прикаска околу христијанството е градена на основ на некој историски настан и историски лик(ови). да се продре низ цела таа сио векови доградувана и преправана конструкција за да се дојди до самиот темел е она вистинското
 
treba petok sabota i nedela da ne se raboti posto za narodite na knigata petok za muslimanite, sabota za evreite a nedela za risjanite.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom