Кој е виновен за нашите грешки?

  • Креатор на темата Креатор на темата leandra
  • Време на започнување Време на започнување
Крив е системов......негова е задачата да ги кондиционира луѓето да не знаат........од тука и да грешат.
 
За самата грешка дефинитивно ние сами, но причината за таа грешка .... дефинитвно некој трет !
 
Одговорот е во прашањето - НАШИТЕ грешки
Секогаш сме ние самите криви за лошите потези што ги правиме.Свесно или несвесно ние сме одлучиле така и крај...Наша лоша процена или незнаење или наивност се кривците за грешките..
 
Кој може да биде виновен за нашите грешки?
Ние, никој друг, но причината за грешките понекогаш може да се сосема други луѓе.
 
За нашите грешки сме виновни ние самите
Секој што греши, греши од причина, ама причината не ја оправдува грешката. Префрлањето на вината на друг уште помалку. Колку посвесно гледаме дека сме згрешиле толку се помали шансите грешките да се повторат. А тоа што се сторило, се сторило. Штетата често не се поправа.

Причините не ги кажувајте никому. Објаснувања не давајте никому. И тие на кој сте им наштетиле некому наштетиле.

Инаку, после штета следува лутина, во лутина луѓето веруваат дека штетата е направена намерно, и секоја причина секое оправдување ќе биде злоупотребено за одмазда. И ништо нема да ја смири лутината освен некоја поголема штета од веќе направената.
 
Крив е системов......негова е задачата да ги кондиционира луѓето да не знаат........од тука и да грешат.

А да живееш во планина,пустина,не населено место,кој систем ќе го обвиниш ? не се лути на лихварот за куќата која ти си ја прокоцкал..
 
Крив е системов......негова е задачата да ги кондиционира луѓето да не знаат........од тука и да грешат.

Проблемот настанува што системот постои за да ни служи нам, а реалноста е сосем спротивна т.е ние му служиме на системот.

Но, прашањето е друго, дали ние сме криви што системот е таков каков што е, дали ние со нашите постапки т.е се она што го правиме и не го правиме директно и индиректно сме главното влијание и ако ние сме тие кои го имаат влијанието дали вината може да ја бараме на друго место освен кај нас себе си.

Системот не е единка тој е целина од сите нас и како таков вината или успехот го делиме сите подеднакво.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom