Романтичарка
надежна форумџика
Ова лето како за прв пат ми се пружи шанса да се прошетам во Охрид.Бидејќи не знам да пливам
не ми преостануваше многу освен да го прошетам колку можев повеќе.За прв пат се искачив на Плаошник иако не ми беше баш јасно што видов се додека не се вратив во Скопје и не прочитав.Зашто времето не ми се погоди и заврна ко за беља јас и дечко ми моравме да се скриеме некаде.На мое изненадување излезе од некаде едно мало кафуле на кое пишуваше КИРИЛИЦА.Влегов внатре и се зачудив дека слушнав музика од СТАРИТЕ МАКЕДОНСКИ ШЛАГЕРИ.На летната тераса беше нешто што можеш да го погледаш само еднаш,пред тебе целото езеро на дланка.Седнавме да се напиеме турско кафе.На мое изненадување ми беше донесено во тацна во која имаше бакарно ѓезве сите тие во старотрадиционален стил.До кафето имаше локумче и коцки шеќер.Искрено очекував да ми донесат наргиле па да си го доживеам филмот до крај.Се на се сум била во малтене доста кафич ама со ваква идеа и ваков поглед до сега не.Ако не друго името беше прекрасно.КИРИЛИЦА.
