Веројатно мислиш на "астрономска", не "астролошка". Астролошка би била - во знакот на близнаци да речеме.

Он - ако во договорите им пишувало така, што мислеле закупувачите, дека ќе им се смилуваат? Зошто не барале промена на договорите пред да ги потпишат? Да, глупост е што ќе ги уриваат, но ако така стоело во договорите требало да бидат подготвени на тоа.
А, тоа дали сопственик бил скопјанец, охриѓанец или битолчанец - нема врска. Скопјаните одат таму кај што им е најдобра атмосферата, кој успее да направи таква атмосфера како што им одговара - добива најмногу гужва. Можеби поголемата посетеност на местата што ги поседуваат скопјани се должи на тоа што имаат поинтензивна реклама во Скопје, па луѓето одат на места за кои слушнале реклама.