Камери во Скопје = работат или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата saleto
  • Време на започнување Време на започнување
de de ti pa
na crveno pominal i ajde besilka, golemo cudo
kolku pati sum pominal i jas i uste kolku gi ima kako mene :D
Дада. Ова е една од тие работи на кои паѓаат луѓето што мислат плитко.
Ако поминеш 999 пати на црвено „безбедно“, и не дај боже 1000 пат успееш да загрозиш живот, сè паѓа во вода.
Убаво викаат луѓето, дел од секунда може да биде пресуден. Можеби 99% од времето не, но нема играње со ова.
 
Да поминеш на црвено на семафор кај што нема гужва,касно навечер,и тоа со намалена брзина за да можеш да реагираш,не гледам ништо лошо.

Ама во шпиц време или пред 12-1,или на прометна раскрсница,па и со поголема брзина,треба да си малоумен со паметот и да немаш желба за ЖИВОТ.
 
нема закон за казнување сообраќајни прекршоци на основ на фото или видеоматеријал сеуште,кога ќе биде во процедура и изгласан ќе бидеме обавестени,дотогаш пазете се само од сообраќајната полиција
 
На крај темава ќе испадне: ВОЗЕТЕ САМО НА ЦРВЕНО.
Сите вие што правите посериозни прекршоци знаете дека е мала веројатноста да бидете казнети, затоа и ги правите, свесно. Дали на црвено проаѓате кога сте во странство, или таму не се чувствувате доволно безбедни?
Мое мислење е дека казните кај нас се доволно високи, ама не се извршуваат. За посериозни прекршоци полицаецот да ја одземе дозволата веднаш и утредента да ја предаде во Судот. Судот да пресуди во рок од 7 дена. Така сторителот, ќе се прости од дозволата истиот момент кога го сторил прекршокот. Да има и затворски казни. За помали прекршоци доволно е да биде понудено за 7 дена да се плати пола, за 15 цел износ, а 16-иот веќе да те побара извршител. И, казните да важат за секого.
 
Нема да ги коментирам личностите кои што коментираат на темава а немаат седнато во кола. Најчесто 90% од нив се пешаците кои си го завземаат пешачкиот премин како писта на која што претрчуваат, возат со велосипед и слично и ако се свесни дека лицето кое поминува на тој коловоз и да се движи со 30км/х нема време да реагира. Истите тие се мајки и татковци кои под рака водат деца од 5 години и преминуваат на црвено кога "нема коли". Јас си ја признав грешката и очекував од непромислени коментари од типот за тебе затвор и слично, за разлика од вас добив заслужена возачка и сум свесен за сите ризици кога возам. За господинот кој мисли дека сум за затвор гордо му соопштувам дека јас сум од типот на возачи кои чекаат црвено во 4 сабајле на булевар со прегледност од 500м и пропуштаат пешаци на секој можен пешачки премин. Сакам да те посоветувам дека ќе дојде момент кога ќе мораш да возиш и ќе направиш прекршок кога најмалку очекуваш и за кој нема да ти се верува, едноставно таков е сообраќајот без разлика дали си возач или пешак. И напоменав во отварањето на темата дека сум свесен за ризикот кој го сносив и само јас знам каков шок и што уште не доживеав кога размислив што би можело да се случи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom