Како се справувате со непријатни/конфликтни ситуации?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Значи секој од нас често се наоѓа во некоја непријатна (што би рекле Американците awkward) ситуација, на пример двајца да се расправаат, а вие само да седите и да ги посматрате и да се чувствувате непријатно.

Или кога ќе се најдете себеси во конфликт, дискусија, гледате дека дебатата ќе ја прелие чашата, како реагирате?

Дали сте смирен тип, се смирено гледа да реши? Можеби разбивате тензија со хумор или смешка? Или пак фаќате страна? Или останувате неутрални?
 
Во конфликтите најчесто избувнувам особено ме нервира кога некој сака да ми докаже нешто што веќе знам дека не е така како што тој вика.Неутрален сум кога не е мој проблемот нормално шо има да се мешам не е тоа моја работа нека си ја решат тие.
 
Од пред некое време секогаш гледам со разговор да решам некој проблем, се се постигнува со разговор, а и немам веќе место во дворот за трупови.
 
Често знам со смешка да затворам расправија или пак со муабет,многу ретко избувнувам и во повеќето ситуации сум смирен.
 
Со заебанции, затоа што ако избувнам многу тешки последици има...
 
Најпрво гледам да ја смирам ситуацијата и често се зафркавам ,ама кога ќе видам дека нема решение/разбирање воопшто не правам повеќе моабет .
 
Смирено, а ако тој другиот не сака да ме разбере, немора. Гледам што побрзо да ја прекинам расправијата и ако неможеме да го продолжиме разговорот мирно, го прекинувам. :) Во туѓи расправии обично не се мешам, ама ми е криво ако се расправаат блиски личности особено за глупости, на пример две најдобри другарки и потоа се обидувам да ги смирам.
 
Од се по малку, прво ги реметам и двајцата, пукам сеир од страна, ако веќе прејде во сериозна расправија тогаш пробувам да ја смирам ситуацијата, освен ако едниот е ептен у право, тогаш ќе застанам на негова страна... и на крај ако не ја бива и упорно се расправаат, на двајцата ластици им мавам и ги праќам по цигари. :P

А кога јас се расправам, пошто сум тврдоглаво копиле терам до крај и кога знам дека не сум во право, и после ми е криво...

Тоа би било тоа, отприлика.
 
Кога двајца се караат секогаш сум настрана не се ни замешувам во нивната расправија, а јас ако се најдам сум смирена секогаш,,,добро зависи сега во што конфликт ќе се спуштам, ама најчесто сум смирена и гледам да го избегнам што побргу бидејќи некогаш може да биде и ХАВУЗ
boxer.gif
 
Зависи со кои луѓе сум во таква ситуација, така и ќе се поставам. Генерално, јас сум доста отворен тип кој многу зборува и се шегува, но во тие моменти гледам што повеќе да се воздржам и да не се мешам, ама ако на некој начин сум вмешан, или прашан за мое мислење, првин пробувам со смешка и прост пример да дадам одговор или мислење, а ако тоа не бива, ондак разговарам опсежно доколку сум расположен за такво нешто. Некогаш и дигам раце од одредени расправии и луѓе, затоа што од старт знаеш дека не вреди да исправаш краставици.
Еве еден легендарен ГИФ и глума на Арон Пол за таква ситуација. Нормално, се знае која е серијава.:icon_mrgr:
Jesse-Pinkman-Breaking-Bad-Drinking-Water.gif
 
На почетокот доколку дебатата не ја прелила чашата, се обидувам да го извадам тој конфликт меѓу 2ца со некоја си шега која ќе дојде во нивна полза, т.е. шала на моја сметка. Доколку тоа не пробие а караницата сеуште трае меѓу нив, ондак прекинувам со шеги на моја сметка и му воочувам на 2цата дека не треба да се караат за тоа и тоа поради она и она бидејќи е тоа така или онака. Но доколку тоа се некој заљубен пар кој се караат за нивни потреби, ондак ќе му кажам да намалат со нервозата и полека да го решат истиот проблем и ќе се тргнам настрана, бијдеќи сите сме нервозни во такви моменти, но друго е кога гледаш од една страна а друго е кога гледаш од нивна гледна точка.
 
попаметниот попушта ... во конфликт
попаметниот попушта....нервно;)

Онтопик, отстрана, кога се работи за друг сум смирена, земам улога на медијатор.
Генерално сум таква и кога сум во прашање јас, но ако осетам потценување или омаловажување од другата страна, камоли апла навреди, без конструктивна дискусија, преоѓам во напад.
Можам да издржам, ама не е препорачливо човек да ми ја премине црвената линија. Тогаш не бирам ни средства ни начин за да си го истерам моето и враќам тројно.
 
Личност сум со голем праг на толеранција, ретко се нервирам, пробувам да сум смирен, секогаш гледам со разговор и вметнување на доза шега да објаснам некои работи. Ако дебатирам со некој изнесувам аргументи, знам да нападнам ама и да се повлечам. Ако некој е неразбран и почнува со идиотско однесување и навреди, ставам точка и прекинувам, тие таквите највеќе ги боли кога ги откачуваш на културен начин. Помеѓу две страни не се мешам, освен ако не избегаат работите од контрола па сакал неќел мора да интервенираш (ова со мешањево важи само за блиски личности)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom