Kaко се пишува семинарска?

  • Креатор на темата Креатор на темата ~~РубинРед~~
  • Време на започнување Време на започнување
Р

~~РубинРед~~

Гостин
1.Седнуваш пред компјутер, исправено на удобна столица во добро осветлена просторија.
2. Се логираш на MSN или SKYPE (и обавезно го ставате знакчето за “away’). Си го проверуваш маил-от.
3. Внимателно читаш што се бара во задачата за убаво да ја разбериш.
4. Се симнуваш до продавница за да си купиш чоколадо, бидејќи ти е потребна конценнтрација.
5. Си го проверуваш маил-от.
6. Се јавуваш кај пријател/ка и прашуваш дали е за кафе?
7. Се враќаш во соба, седнуваш повторно пред компјутер исправено во удобна столица и во убаво осветлена просторија.
8. Уште еднаш ја читаш задачата за да бидеш 100% сигурен дека си ја разбрал.
9. Cи го проверуваш маил-от.
10. Ти текнува дека му немаш пишано маил на пријател со кој сте се запознале претходната година. Си велиш подобро е да му го напишеш тоа писмо и да се фокусираш на задачата.
11. Одиш во купатило и си ги гледаш забите на огледало.
12. Симнуваш некоја нова песна.
13. Си го проверуваш маил-от
14. Четуваш на MSN со некој другар и се договарате за идни планови – за летен одмор на пример.
15. Си го проверуваш маил-от.
16. Ги слушаш новите МР3-ки и симнуваш уште нешто.
17. Му се јавуваш на колега од факултет и го прашуваш дали е започнат со пишување .
18. Се симнуваш до трафика по кока-кола и успат си купуваш и списание.
19. Си го проверуваш маил-от.
20. Читаш новости и разгледуваш што има, да не случајно пропуштиш нешто важно на телевизија.
21. Играш една партија solitare.
22. Одиш на ww.bored.com.
23. Одиш во купатило и си ги миеш рацете.
24. Се јавуваш повторно кај колеги и се надеваш дека и тие немаат започнато со пишување.
25. Го земаш фото албумот на цимер ти и го прашуваш за сите луѓе од сликите.
26. Си го проверуваш пак маил-от можеби некој пишал, ги преслушуваш песните што ги симна.
27. Уште само еднаш читаш што ти е задачата.
28. Си легнуваш малку.
29. Удираш во ѕид и кршиш нешто.
30. Си го проверуваш маилот.
31. Мрмориш нешто, пцуеш.
32. 5:00 часот наутро - почнуваш да пишуваш набрзина без запирање, во 6:00 семинарската е готова.
33. Им се жалиш на сите дека цела вечер немаш око склопено поради таа семинарска.
34. Ја предаваш семинарската и не остануваш ни 5 минути повеќе, си одиш дома да одмориш.
 
Се се ама ова со си го проверуваш маилот 15 пати.. :/

Кој кур да го проверувам насекое ? :)
 
Вчера вечер ја доправував проектната и беше исто вака...на крај ја доправив во 5 и пол сабајлето :/
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom