Како да се кади(подчадува) без жар

  • Креатор на темата Креатор на темата koletheman
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
3 март 2010
Мислења
663
Поени од реакции
465
Вака ме интересира како да се кади темјан и босилек на лето кога жар не се наоѓа, дали можи. како замена да се гори со чакмак или на фолија од чоколадо
 
Милам дека има такви брикети за кадење што поповите ги користат, како оние за подпоалување (скара, камин), се запалува ќошето и го ставаш темјанот на брикетчето. Вакви мора да има во било кој поснабден маркет. Фолијата бргу прогорува, иако и вака мислам дека би можело.
 
Вака ме интересира како да се кади темјан и босилек на лето кога жар не се наоѓа, дали можи. како замена да се гори со чакмак или на фолија од чоколадо

Имаш во црква ,,жарчиња" во кутија се продаваат 50 денари се окулу 10-11, се потпалуваат со кибрит или запалка и тлеат едно 5-6 мин додека темјанот не изгори, исто така имаш и темјан у кутивче окулу 50 ден е и он :)
 
Ете веќе ти кажаа само јас ќе надополнам дека имам слушнато дека поубаво е со кибрит да си ги палиш брикети се викаат тие... Црни се округли, сега тебе сигурно ти треба за поткадување дома па за тоа ќе си побараш од помалите пошто има едни многу се големи, тие ги користат поповите за во црква обично пошто многу подолго горат и повеќе чадат... Тебе ќе ти заршат работа помалите :) Друго веќе ти кажаа неколку темјанчиња се ставаат врз брикетата и после тоа се пали...
 
Во Веро се најефтини и темјанот и брикетите. Во Грција уште поефтини :) .Сепак ако ги користиш брикетите од Веро убаво е да си земеш и пинцета за да не си ги изгореш рацете. Со запалка со посилен оган ја потпалуваш брикетата и дуваш дури да се вцрвени целата, потоа ја ставаш в каделница (убаво е во каделницата да имаш и малку пепел), оставаш малку да се подизлади па ставаш темјан. Месингените каделници не треба да се затвораат оти брикетата ќе изгасне. На овој начин брикетите од Веро траат минимум пола час. Нормално кога ќе изгори темјанот треба да се турне од брикетата и да се стави нов.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom