Не верувам дека тоа ќе се случи, ама си оставам 2% резерва, никад се не знае како ќе реагира. Татко ми секако не може да ми забрани, евентуално мајка ми - ама пак мала е веројатноста. Кога би се случило тоа, има скандал да направам, ќе ечи цела зграда и цело маало, ама на крај јас моето ќе си го истерам. Иако ми е многу важно мислењето на мајка ми и ретко и повишувам глас, ама треба да сфати еднаш дека мојот живот е мој избор. Додуша мајка ми би ми забранила врска само ако е во прашање наркоман или нешто многу сериозно да направил, а и јас самата избегнувам такви личности, така до забрана не верувам дека ќе дојде. Како и да е, јас ќе си продолжам по моето т.е ако сакам да бидам со некој, ЌЕ бидам и нема сила на светов што ќе ме разубеди или спречи.