Kajgana Song Contest #215 - Талент шоу

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
23.397
Поени од реакции
54.893
Неделава ќе бираме најдобар настап на талент шоу (X Factor, Idol, The Voice, AGT, BGT...)
Пријавување до четврток 23:59



*глупи настапи нема да бидат прифатени
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.016
Поени од реакции
16.135
Пред да го ставам видеото морам да дадам контекст за што се работи затоа што само од видеото многу малку се дознава. Дечково е Казахстанец, се појавува на кинеско талент шоу и од тогаш е предмет на воодушевување на сите кои го слушнале како пее. Станува збор за еден од најдобрите вокали што живееле некогаш и колку и да звучи претерано сепак не е. Морав да учам теории, техники и стилови на пеење за да имам некој основен поим што уствари прави он. Само пишете на Јутуб (opera) singer или vocal coach reacts to Dimash и пуштете колку сакате од резултатите што ќе ви ги даде, во сите од нив унанимно што би рекол Африм наш се држат за глава и не можат да си објаснат што тоа они слушаат и како е човечки возможно он да го прави тоа што го прави до ниво на скоро буквална перфекција. Значи збориме за мислење од оперски пејачи и пејачки со школи, со признанија, со настапи, со пичке си материне. Така да дечки иако е анонимен, во прилог следи најдобриот жив пејач во светот моментално.

 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.303
Поени од реакции
11.823
Една од најтешките теми за мене. Во глобала сите што се од The Voice се страшни вокали и очекувам бајаги пријавени ( Charly Luske, Karise Eden, Mo, Anna McLuckie, Will Barber, Bukhu, Lucas Bongiovanni итн ... ) ама ќе ја пријававм типкава пошто, бар според мене, не доволно е експонирана измеѓу сите овие кандидати.

 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
7.180
Поени од реакции
45.017
Уствари кој го ебе Џејмс Артур.

Со оваа песна и настап учествував у темата за Оливер Драгојевиќ. Ова прв пат коа го гледав, ми течеа солзи, прв пат на некое видео а тоа да не е филм.

Дечково има аутизам, и ако можете да издвоите 20 минути погледнете го. Неколку песни се, јас зборев за Опрости ми папе, првата песна, таа не можам да ја најдам како посебно видео, изгледа ја тргнале и напраиле компилација од целосното негово учество.

 
Последно уредено:

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.073
Поени од реакции
32.960
После Димаш на @Sussaro , со неговите 6 октави, битно е само да се учествува

 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
7.180
Поени од реакции
45.017
Aко оваа тема се вика Kajgana Song Contest #215 Гласање - Талент шоу, како тогаш ќе се вика темата каде ќе треба да гласаме?

Дани у блам се внел кога ја отварал темава, од последната ископирал наслов, сменил бројка и место synth pop стаил Талент шоу и мисли дека завршил огромна работа. :D

Има ли модератори? hhhhhhhhhhh
 

Kajgana Shop

На врв Bottom