Кајгана готвач vol.99 [гласање: Кроасан крофни]

  • Креатор на темата Креатор на темата CafeDelMar
  • Време на започнување Време на започнување

Најубави се на?

  • Вкупно гласачи
    56
Статус
Затворена за нови мислења.
За Дињата гласав , ги потопил во чоколадо :ljubove:
 
PDbyTeu.gif
 
Дечки браво, супер изгледаат.
Ме интересира какви се на вкус? Дали се подобри од обичните крофни и дали би ги направиле повторно?
 
По вкус мене ми се допаѓаат и овие и обичните, секој си бира по вкус. :D Инаку би ги правела, само што повеќе време се губи при постапката, неколку часа, бидејќи се прават со лиснато тесто. Доколку имам повеќе време на располагање би ги направила, бидејќи се понеобични. :D
 
Дечки браво, супер изгледаат.
Ме интересира какви се на вкус? Дали се подобри од обичните крофни и дали би ги направиле повторно?

Си правела кроасани? Епа овие се налик на пржени кроасани. :D

Не би, затоа што за поминато толку време со лиснато тесто има многу повкусни работи за да се искористи самото тесто.
А крофни сепак би од брзите и празни внатре.
 
Имам едно прашање , ама искрено да ми кажете , дали на ваков начин многу потврди испаѓаат отколку обичните крофни ? :)
 
Ова не е тестото од крофните, ама на ваков начин го мачкав и виткав, неколку пати. Не е како на поставената рецепт, ама како и да е, лиснато е.
Воопшто не би рекла дека се тврди, туку крцкави. Крцкави се како оноа готовото лиснато тесто од продавница, и не се ронат. Изгледаат грубо на изглед, бидејќи кога ќе ги преполовиш се листа само, не е празна внатре како обичните крофни.
Не би можела вака да ти доловам, ако имаш вишок време пробај, нема да зажалиш според мене. :D
 
Штом се крцкави ги пробам обавезно , и тоа на начинот на кој го опиша. :D
 
Баш нешто слично како на видеово. Додека се уште тазе. :D И совет стави повеќе шеќер, да не биде соленко. :D
А доколку те интересира, тестото го поделив на 3 топчиња и секое го расукав. Едно врз друго ги наредив и измеѓу ги намачкав со маргарин на собна температура за полесно мачкање. 20 минути во фрижидер, го расукав повторно, ама само како една кора, повторно го намачкав со маргарин, го расеков на неколку делчиња и ги поклопив. Повторно во фрижидер 20тина минути и после тоа конечно кората ја расукав. :D Покомплицирано е тоа што додека сечеш со чашка, ти остануваат остатоци, па тие повторно треба да ги размесиш, па повторно во фрижидер. И затоа се губи време...
 
Фала ти многу , си го копирав рецептот . :smirce:
 
Требало опција да се гласа за сите пошто вака не е хумано да гласаш за еден само, на ниту едни не би им одолеал.
Што повеќе гледам во сликиве толку поголеми кризи за благо ме пукаат ќе морам да се задоволам со нискобуџетен еурокрем :(
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom