Kajgana Film Contest (KFC) # 1

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.264
Поени од реакции
37.031
Screenshot 10-06-2024 16.55.59.jpg

прилагоден и пречистен цитат:

„По примерот на многуте натпревари низ речиси сите подфоруми за забава и култура (натпревар во готвење, натпревар во цртање, натпревар по фотографија, натпревар за игри, натпревар за музика...) еве можност и за тие на кои филмот им е на прво место да покажат и докажат кој има подобар вкус. Правилата за натпреваров се следните:

1. Исто како и на сите други натпревари на форумов, и тука нема да има никакви материјални награди.

2. Целта на натпреварот е - забава, и споделување на филмови. Ова го напоменувам за да не бидат премногу сериозно сфатени натпреварите.

3. Насловот на филмот или може само сегмент (сцена) од некој филм што ќе го споделувате ќе биде според чувствата во тој момент на тој што ќе отвори тема, односно на кој филм ве асоцира неговата моментална емотивна состојба која ќе ја напише јавно, за да на крај одбериме најдобар наслов на филм или сценна на филм што би бил најсоодветен на неговата моментална емотивна состојба.

4. Секоја тема се задава во недела, и споделувањето на видеата на наслов на ФИЛМ ќе трае се до следната недела, кога започнува гласањето. Гласањето ќе трае до следната сабота, кога ќе бидат објавени резултатите и ќе може да започне новиот избор.

5. Не смее да се гласа за својата сопствен наслов на ФИЛМ или сцена од некој филм!

6. Секој учесник може да учествува со само една пријавен наслов на филм или сцена од некој филм во еден натпревар.

7. Пред да гласате, ве молам прегледајте ги сите испратени филмски наслови или филмски сцени.

8. Можност за гласање ќе имаат само учесниците на натпреварот (само оние кои имаат пријавено филмски наслов или сегмен сцена од филмот).

Се надевам дека сите правила се доволно јасни, што значи, можеме да го започнеме Kajgana Film Contest #1!


...еве како прва и пример за почнување на ова филм натпреварувачка тема ќе ја напишам мојата моментална емотивна состојба:

* како резултат на овие последни два три дена целодневно ангажирање и на работа и дома, без никаква странична помош, без одмор, исцрпена, оптоварена да се решат туѓи наметнати проблемите, кој наслов на филм би ми одговарал на ова состојба со поставување на насловот на филмот од јутјуб , би рекла - „Умри мушки“, вие кој наслов или сцена од филм би ја опишал мојата моментална емотивна ситуација? :)

 

Kajgana Shop

На врв Bottom