K1-Fight Club, Ultimate Fight, Бокс, Кик-Бокс...

  • Креатор на темата Креатор на темата DJ_DEXTER
  • Време на започнување Време на започнување

Која боречка вештина најмногу ве привлекува?

  • Karate

    Гласови: 27 4,5%
  • Taekwondo

    Гласови: 36 6,1%
  • Judo

    Гласови: 11 1,8%
  • Aikido

    Гласови: 38 6,4%
  • Boks

    Гласови: 71 11,9%
  • Kick-Boks

    Гласови: 194 32,6%
  • Muay Thai

    Гласови: 47 7,9%
  • Kung Fu(Wing Chun,ShaoLin,Mantis...)

    Гласови: 76 12,8%
  • Ninjitsu

    Гласови: 30 5,0%
  • Ја нема на листата

    Гласови: 65 10,9%

  • Вкупно гласачи
    595
Повеќе од Чимаев, не ги рекол.

Хипотетичка ситуација, доколку Витакер победеше врз Чимаев, што мислиш на кого ќе му дадеа борба за титула?

Витакер или Стрикланд?

Јас само сметам дека е ферски да му се даде реванш, затоа што беше ептен тесна и сомнителна победата на Ду Плесис. :)
 
Даниела добар ќотек изеде, а ја прогласија за победник. Аматерско судење. Анголците во право беа.

Последно уредено:
Цар Душан Силни, еден од најдобрите ММА клубови на просторите на бивша Југославија. Никола Јоксовиќ е дете на тој клуб. За разлика од овие ријалити старлети од Fight Company на Васо Бакочевиќ и Душан Џакиќ.

Настрана што ги тропа глупостиве овој поголеми јајца имал Даниел, сѐ е на страна на Азерот. Азерот е природен LHW, Даниел е MW. Големина, reach, плус како што гледам, Азерот подолг период се бори во Glory и има 10+ борби во најелитната (заедно со Rizin и Оne) кик-бокс организација. На Даниел ова ќе му биде прва борба во Glory, досега се има борено во помали, локални организации...

Иначе, самава борба доволно зборува во која утепана состојба е кик-боксот, кога недокажан, нерангиран борец го носат од страна во title-eliminator борба против вториот рангиран во дивизијата...
Таа мускулатура кај азерот не се праи од јадење белки од јајца, ориз и гутање прашоци со аминокиселини.

Сите во златното време на К-1 во Јапан почнаа како Даниел и после една година видоа колку е саатот па станаа преку ноќ орангутани на стероиди.

Дека азерот зема стероиди му се гледа по виснатите цицки.

Сигурно и Даниел после овој фајт сватил колку е саатот па очекувам после година дена да е надуен ко мариовска гајда.
 
Цар Душан Силни, еден од најдобрите ММА клубови на просторите на бивша Југославија. Никола Јоксовиќ е дете на тој клуб. За разлика од овие ријалити старлети од Fight Company на Васо Бакочевиќ и Душан Џакиќ.

Со Зелг Галешиќ, Немања Милошевиќ по мене се најдобри тренери на Балканот, а секако тука е и Иван Ѓорѓевиќ од Ахилеј. Човекот премногу инвестира во едуцирање и е навлезен во ММА спортот.
 
Не произведуваат моментално, затоа што ММА е се уште релативно млад спорт во регионот и заживеа едвај пред 10 години. Треба време.

Инаку, Србите имаат борци од светски калибар.

Александар Ракиќ е Србин.
Дарко Стошиќ е Србин.
Мирко Филиповиќ по татко е Србин.
Ракич во Австрија вежба, Мирко е Хрват.
Ако почнеме вака, тогаш featherweight goat е Македонец.
Стошиќ заслужено. Тука од регионална сцена исто може да се стави и Солдич. Ковингтон го фалеше него :)
Автоматски споено мислење:

Ракич во Австрија вежба, Мирко е Хрват.
Ако почнеме вака, тогаш featherweight goat е Македонец.
Стошиќ заслужено. Тука од регионална сцена исто може да се стави и Солдич. Ковингтон го фалеше него :)
Еве, и Медич може да се стави тука. И он е добар, со добро резиме
 
Анте Делија е исто така шампион во ПФЛ. Бојан Величковиќ е шампион во Октагон. Дуле Тодоровиќ е победник на ДВКС и веќе потпиша трет договор со УФЦ. За легендите на овие простори, да ги споменеме и Покрајац и Горан Рељиќ.

Има и Македонец, тренира во Ахилеј, Андреј Стојановски, ке видиме дали ке има борби.
 
Ракич во Австрија вежба, Мирко е Хрват.
Ако почнеме вака, тогаш featherweight goat е Македонец.
Стошиќ заслужено. Тука од регионална сцена исто може да се стави и Солдич. Ковингтон го фалеше него :)
Автоматски споено мислење:

Еве, и Медич може да се стави тука. И он е добар, со добро резиме
Мирко Филиповиќ и Дражен Петровиќ се по татко Срби, по мајка Хрвати, но родени во Хрватска. Филиповиќ и Петровиќ се доминатно српски презимиња. По твоја логика Ракиќ е Австриец, а не Србин. Мешаш етничко потекло со државјанство и место на раѓање. Плус, не е Ракич, туку Ракиќ.

Стошиќ е број два тешкаш во Европа.
 
Со овој одговор, човек ќе посомнева дека омилен фудбалски клуб ти е Црвена Ѕвезда.
 
И да ми е Црвена Ѕвезда омилен тим, тоа проблеми ли е некој?
Мирко на себе шаховска таблица носи и цел живот го поминува во Хрватска; Стошиќ веројатно би изел ќотек од сите европски тешкаши во УФЦ (освен Шамил Газиев); Ракич сите достигнувања ги има постигнато во Австриската држава. Во Србија е невозможно да ја достигне истата точка.
Дражан е во целосно друг спорт.
 
Тоа што носи шаховница не го менува фактот дека неговиот татко е Србин и православен по потекло од Република Српска (Бјелиње). На почетокот кога сакал да се запише на полициска академија му правеле проблеми поради српското потекло. Татко му се викал Жарко Филиповиќ.

Дарко Стошиќ во УФЦ не се покажа добро. Зборувам за во Европа е број два тешкаш.

За Александар Ракиќ си во право. Тој редовно плаќа кампови во Америка со врвни тренери, нутриционисти, а последната борба го заебаа од неговиот табор кога му велеа дека води.
 
Дарко во УФЦ се бореше во полутешка и многу тешко му се одразуваше смалувањето на килажата, затоа и не покажа ништо.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom