Јубилеј-„Мустанг“ наполни 45 години

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Локација
Тука негде наоколу
„Мустанг“ наполни 45 години

mustang_ford.jpg
Познатиот американски возач и дизајнер Керол Шелби, во 60-тите години на минатиот век изјави дека Фордовиот „Мустанг“ е „автомобил за секретарки“. Од тој период до денеска „Мустанг“ стана омилен автомобил на модерните Американци.

Првиот „Мустанг“ е лансиран во 1964 година и преку ноќ стана сензација. На почетокот „Форд“ проектираше скромна продажба од 100.000 автомобили. Продажбата од 22.000 возила само во текот на првиот ден, како и вкупната продажба од речиси половина милион автомобили „Мустанг“ во првата година, докажа дека станува збор за одличен автомобил.

Со над девет милиони продадени автомобили досега, популарниот „Станг“ е доказ за комерцијалниот успех и културолошкиот феномен.

Тоа е автомобил наменет како за адолесцентите кои одвојуваат од џепарлакот за да го купат својот прв автомобил, така и за ентузијастите и познатите личности.

Носталгијата и ентузијазмот кои се собираа во текот на годините ќе кулминираат овој викенд на специјална прослава во Барбер Моторспортс Паркот во Алабама, каде што се очекуваат околу 2.500 најверни приврзаници на овој автомобил.

http://www.time.mk/story_321fc16ac4_article_54bd948455.html
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom