Денес читам во Вест дека МВР отворило повторна истрага за првиот атентат на македонски функционер во демократска Македонија. Можеби многумина не знаат, ама еве накратко кој и што направи Мијалков за Македонија.
Мијалков е првиот министер за внатрешни работи во демократска Македонија, голем патриот и храбар човек. По негова наредба беше одземена докумантацијата од ЈНА со што беше спречено регрутирање на македонските војници за големосрпските интереси на Милошевиќ. Колку само македонски воници беа спасени! Беше неконвенционален во однесувањето, но народен човек. Комуњарите и српските инсталации во парламентот му подготвија пуч (интерпелација) на 19. септември 1991 година во два часот по полноќ затоа што го забрани митингот на војничката партија СК Движење за Југославија во Битола. Три месеци подоцна на 19 Декември загинува во сообраќајка на пат за Белград за наводен состанок на кој го испрати Киро Глигоров со лажна телеграма подготвена специјално за таа намена од КОС. Мијалков е убиен во декември 1991 година. ЈНА е тука и се заканува со воен удар ако Македонија тргне по патот на Словенија и Хрватска (отцепување и независност)! Владата на Кљусев сосе Мијалков тргнува по тој пат. Глигоров и натаму се залага за скратена YU федерација (Платформа Глигоров - Изетбеговиќ), Мијалков е опасна пречка.
Мијалков бил жив и сам се искачил на патот од слупаното возило...а биле прекинати телефонските линии во Јужна Србија,а целата околина на Ниш останала без струја во период од околу 12 часа. Не е разјаснето како починал во болница, кога успеал сам да се извлече од возилото и да дојде до автопатот.
Кој видел слики од сообраќајката ќе види дека колата е потполно сплескана...Згмечена, згазена! А шоферот останал нечепнат. Во средината на 90тите години пријател ми спомна дека Мијалков бил газен со тенк додека бил во колата...Што може да е сосема точно.
За крај, беше формирана собраниска (или Владина - не се сеќавам сега точно) комисија која требаше да ја испита погибијата на министерот. Нејзиниот извештај сеуште го чекаме. По смртта на Мијалков за министер за внатрешни беше избран Фрчко, а после неколку месеци падна експертската Влада на Кљусев. Треба ли натамошен коментар?