Job shadowing

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Гледам на форумов разно разни теми и дилеми за и околу образованието ( нема да ги набројувам).
Некои се прашуваат околу изборот на факултети -како, што, зошто и кој е најдобар, други избрале погрешен -па се на мисла да направат промена и да запишат друг, трети ги послушале советите , а и желбите на родителите, а не тоа што тие сакаат/ле ......
АМА има и такви(деца) кои веднаш штом прозборат веќе знаат што ќе бидат кога ќе пораснат.Среќници!!!:icon_lol:
За оние кои незнаат - можеби ќе им помогне преоктов на Мајк Варшавски -бруцош на универзитетот во Онтарио , кој нашол начин да си помогне себеси околу донесувањето одлука за својата идна професија .Тој го поминал летото пред упис на факултет следејќи разни професионалци .Тоа се нарекува “job shadowing”.
Мајкл имал 60 дена на рсполагање и избрал 60 професии со тоа што секоја избрана личност тој буквално ја следел цел еден ден.

„Направив доста широка листа на професии со различни потреби и барања за да бидам сигурен дека сум изложен на се’.

Мајкл следел: судија, педијатар, сликар, новинар, таксист, адвокат, фотограф, возач на автобус, боксер, рабин ......и сето тоа го забележал на својот блог 60 days 60 job shadows”.
Најмногу уживав во следењето на заболекарот и оптичарот.Тие се среќаваат со многу луѓе во текот на денот, им помагаат, разговараат со нив...Создаваш одлични односи со своите колеги и со пациентите и тие мора да се едни од бладодарните професии
Следењето професионалци е одлично бидејќи добиваш шанса да од прва рака искусиш како е да се занимаваш со одредена професија.
Тоа е најдобриот начин да се сфати -разбере нечија кариера и да се „фрли око“ на индустријата . Сега кога знам по кој пат ќе се движи мојата работа , веројатно ќе го скратам изборот на некои професии, ќе завршам уште неколку следења и ќе се одлучам за својата иднина.
Како ви се чини сево ова?
Дали би сте се организирале некогаш да следите некои од професионалците и кои би ги избрале ?

http://internships.about.com/od/internships101/a/whatisjobshadowing.htm
http://sixtyinsixty.com/theproject/
 
Ова е одлична идеја, ама тешко да најде човек 60 луѓе што ќе се согласат да ги следиш цел ден.
Ќе беше многу полесно да имаше нешто како агенција што ќе ги организираше овие работи. Агенцијата би им плаќала на професионалците да се замараат со тебе, а ти би плаќал за услугата на агенцијата што ти ги наоѓа луѓето.
Ете идеја за мал бизинис.
 
Самата идеја е ОК, би им помогнала на учениците полесно да одберат професија....
Со тоа што не е нешто нова....И порано системот имаше слично вметнато во образованието, не толку обемно, нели...Ако се секавам добро, имаше предмет„ производство“ ( или така нешто ) каде што учениците одеа по разни фирми и се запознаваа со работата, за да после полесно одбераат насочено образование....
 
Би следел, како не би следел, ако е порно актерка :cenzura:
 
Кај нас не те примаат на пракса,камоли да ги следиш,мислиш селебрити глумат не може да им влеваш во приватноста,од страв утре ќе им го земеш работното место :tapp:

Би следел одредени професии не 60,на пример 3 доволно се.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom