Jaдења во грне

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.625
Поени од реакции
9.160
Возраст
40
Ја отварам темава со цел да споделуваме рецепти кои се подготвуваат во грне :)

Крушевско грне

Потребни состојки

- 300 гр. сирење
- 300 гр. кашкавал
- 300 гр. чаден свински врат
- 200 мл. кечап
- 1 павлака
- 100 гр. печурки
- оригано

Подготовка:
Грнето се премачкува со кечап (на дното се става повеќе),се ренда кашкавал,над него се ставаат парчиња свински врат и сирење рендано.
Павлаката измешајте ја со 2-3 лажички кечап и полејте одозгора .Потоа оди истата постапка ред кашкавал, врат ,печурки и на крај се ренда повторно над печурките кашкавал и се става во рерна да се пече.Кога ќе биде пред крај се става малку оригано и стои во рерна уште 2-3 минути

Задушено сирење

Потребни состојки за 2 лица

- 2 домати
- 400 г сирење
- 2 суви пиперки
- 200 г кашкавал
- оригано
- лук

Подготовка:
Доматот се лупи и сече на коцки. Во грнето додавате малку масло за јадење и го додавате доматот. Сувата пиперка ја сечкате и ја ставате во грнето.
Потоа дел од сирењето исто така го сечкате на коцки и го додавате во грнето. Во грнето зачинувате со оригано и додавате сечкан лук или лук во прав. Потоа го додавате другиот дел од сирењето. Врз сирењето го рендате кашкавалот. Вака подготвеното грне го печете 15 минути.
zadusheno_sirenje.jpg


Чомлек во грне

Потребни состојки:

- 1 кг. кромид
- 1 кг. јунешка или телешка кртина
- 4 чешниња лук
- 200 мл. зејтин
- 200 мл. бело вино
- 200 мл. вода
- сол
- 1 лажичка црвен пипер
- вегета

Подготовка:
Главиците кромид исечете ги на на крупни парчиња. Половина од исецканиот кромид ставете го во земјено грне. Потоа телешкото месо исецкајте го на покрупни коцки. И парчињата месо ставете ги во грнето па посипете една лажичка црвен пипер. Потоа во грнето додадете ги целите чешниња лук. Врз лукот додадете го преостанатиот исецкан кромид. Ставете зејтин врз состојките во грнето.Па додадете сол и вегета. Во грнето ставете 200 мл. вода, 200 мл. бело вино. .На крај се затвора грнето со капак и ивицата залепена со тесто. Се пече два и пол часа во загреана рерна на 180 степени. Кога ќе биде готово, отворете го капакот и додајте 3 лажици брашно измешани со пола филџан вода за да се згусне смесата и печете уште 10 минути.

Вардарско грне

Потребни состојки за 2 лица:

- 200 гр. свинско месо
- 200 гр. пилешко бело месо
- 200 гр. мелено месо
- 200 гр. димена сланина
- 200 гр. шампињони
- 2 главици кромид
- 150 гр. кашкавал
- бешамел сос
- масло за јадење
- зачини
- сол

Подготовка:
Свинското и пилешкото месо се сечат на покрупни парчиња. Од меленото месо се прават мали ќофтиња. Сланината се сече на коцки и се пече на скара. Кромидот и печурките се пржат. Сето тоа се меша заедно и се става во грне. Се додава сосот. Врз месото се ставаат коцките кашкавал. На крај се затвора грнето со тесто. Се динста во рерна 40 мин.

a3e48aecbd381ccd4071dd30ed4d8721_header.jpg


Топено сирење во грне

Потребни состојки:

- 600 гр. фета сирење
- 200 гр. кашкавал ајдамер
- 200 гр. сувомеснато по желба (печеница, врат, пршута)
- 200 гр. шампињони
- кечап
- оригано
- бешамел сос

Подготовка:
Прво направете го бешамелот. Парчињата фета сирење исечете ги на коцки. Земете го грнето и
на долниот дел ставете половина од сирењето. Прелијте со половина бешамел сос. Над сосот наредете сувомеснато, сечкани печурки, кечап, зачинете со оригано и наредете неколку парчиња кашкавал. Над кашкавалот, ставете го преостанатото сирење, прелијте со бешамел и завршете со парче кашкавал.Вака подготвено, ставете го во незагреана рерна и вклучете ја на 200 целзиусови степени. Печете 30 минути, додека кашкавалот да добие убава златна боја.

Велешко грне

Потребни состојки:

- 300 гр. пилешки стек
- 300 гр. свинско месо
- 300 гр. сланина
- 4-5 лажици сенф
- 400 гр. кашкавал
- 2 лажици кечап
- 300 гр. печурки
- 2 главици кромид
- сол
- црн бибер
- малку кари
- оригано
- вегета

Подготовка:
Месото се сече на коцки и се вари 1 час. Половина од кашкавалот исецкајте на коцки. Во тава испржете ги двете главици кроми откако ќе порумени додајте ги печурките и сланината исецкана на коцки. Пропржете и додајте го сенфот, зачините и динстајте уште 5 минути. Свареното месо измешајте го со кромидот, печурките, сенфот и додајте ги и коцките кашкавал. Потоа ставете ја оваа смеса во грне и нарендајте го останатиот кашкавал.На крај се затвора грнето со капак и ивицата залепена со тесто. Се динста во рерна 30-35 мин. на 200 степени.

На ред се вашите рецепти :D
 
Хмм.. сум јадел топено сирење во грне, и домашно и во ресторан, мислам дека му дава некоја посебна арома, very nice (y)
 
Не заборавајте на традиционално јадење:
Грав во грне:
Гравот, со кромид, неколку црвени сушени пиперки, масло за јадење, сол - се става во поклопено грне и се вари подолго време.
Се вари на огниште - на отворен оган, во пепелот
Некои го прават и на излет кога подготвуваат скара на жар или само за грав палат оган
И потоа, дали од чадот, дали од пепелот, дали од чекање да се свари - прстите ќе си ги излижете
 
Не заборавајте на традиционално јадење:
Грав во грне:
Гравот, со кромид, неколку црвени сушени пиперки, масло за јадење, сол - се става во поклопено грне и се вари подолго време.
Се вари на огниште - на отворен оган, во пепелот
Некои го прават и на излет кога подготвуваат скара на жар или само за грав палат оган
И потоа, дали од чадот, дали од пепелот, дали од чекање да се свари - прстите ќе си ги излижете
А во гравот што не се става сол, оти многу, многу потешко се вари така? Може за тоа толку долго се чека на ова грне. :D

Како и да е, ми стои ова дека е многу вкусно. Следна прилика кога ќе имам, да си разгорам едно огинче на отворено, ќе го направам ;) Фала на предлогот :love:
 
Back
На врв Bottom