Некаде од 1ви Јули стапи на сила одредена клаузула од Законот за извршување што на правните субјекти им нуди, условно речено, заобиколување на судските лавиринти кое се врши со помош на нотар (и евентуално адвокат од областа на трговското право). Се работи за процедура во која што нотарот ги превзема веродостојните исправи (фактури, договори) и врз основа на овие документи утврдува доспеан долг. Потоа се бара доказ од должникот дека долгот е подмирен. Доколку овој не приложи таков доказ, се започнува одредена постапка која би требало да бида далеку пократка од судска парница која завршува со утврдена извршна постапка од страна на извршител.
Ова во теорија би требало да биде ефикасен начин на наплата на заостанатите долгови меѓу правните субјекти, еден од најгорливите проблеми во нашето стопанство.
Мене ме интересира практичниот дел на целата процедура. Значи дали некој ја знае точната постапка како оди и евентуално кои се трошоците кои произлегуваат од неа - и за доверителот, но и за должникот.
Инаку самата процедура е опишана во член 16 (Извршност на нотарска исправа) во Законот за извршување кој можете да го пронајдете тука: http://www.pravo.org.mk/documentDetail.php?id=265