Изработка на вектор фото со точни димензии?

Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.174
Локација
Скопје
Доколку има отворена слична дискусија, извинете.

Дечки, ми треба да ми изработат обична правоаголна форма каде ќе има посебни отвори за копче, усб слот, лед диода итн итн. преку ласерско сечење. Дечките ми рекоа дека мора да им пратам вектор со точни димензии на отворите за да го изведат ова.

Може помош? Или па ако има некој што може да го направи, нека ме исконтактира да договориме..
 
Јас работам со вектори. конкретно лого дизајн но ако немаш друга помош ќе се обидам :)
 
Не знам дали те разбрав добро, но мислам дека ти треба слика за печатено електронско коло (PCB).
Сум правел вакви за Arduino проекти и пробав со повеќе бесплатни програми (за пресметка и цртање на оптимални поврзувања на компонентите), но тие знаат да бидат доста комплексни и треба време и учење за нив.
Немав толку време и потреба за нив па го побарав наједноставниот софтвер за користење. Тоа беше Frtzing наменет специјално за Arduino проекти.
Frtzing е сеуште во бета фаза, но мене ми врши работа.;)

За куќиште ли се работи овде?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom