Италија планира да испрати војска во Тунис!

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
- Ќе барам од тунискиот министер за надворешни работи да им дозволи на нашите сили да интервенираат во Тунис, за да ја спречиме илегалната имиграција - изјавил министерот за внатрешни работи Роберто Марони.
Марони нагласил дека тунискиот систем се распаѓа и дека од Европската Унија побарал итно да интервенира, бидејќи Магреб е на работ на експлозија. Според него, поголемиот дел од доселениците бегаат од сиромаштија, но дека меѓу нив има и избегани затвореници и припадници на терористички организации.
Италијанската влада завчера прогласи состојба на хуманитарна катастрофа поради тоа што од средата во земјата, преку Медитеранот, стигнаа повеќе илјади жители на Северна Африка, главно од Тунис, кои бараат азил. Владата во образложението на оваа одлука наведе дека на овој начин на службите за цивилна заштита ќе им биде овозможено да преземат сé што е потребно за да се воспостави контрола над ситуацијата и за да им се пружи помош на луѓето што избегале од северниот дел на Африка.

Благодарение на тоа, локалните власти во областите кои се преплавени од најновиот бран бегалци ќе добијат дополнителни средства од буџетот. Ситуацијата е најтешка на малиот остров Лампедуза. Од средата во Италија пристигнаа речиси 3.000 нелегални доселеници, главно, во мали рибарски бродови, кои ги пресретна крајбрежната стража и ги одведе во Лампедуза, каде што добија ќебиња и медицинска помош. Повеќе стотини доселеници мораат да спијат на отворено поради недоволно капацитети за сместување на островот, додека некои се сместени во хотели.

Италија и формално побара помош од ЕУ во борбата против, како што наведе во своето барање, претстојна хуманитарна криза, а шефот на туниската дипломатија Абдерауф Уне се очекува в четврток да пристигне во Рим, јави МИА.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=21411924205&id=11&prilog=0&setIzdanie=22206
 
Ова пријателе и не ти е некој новост одавна Европа е зафатена со имиграционен бран сети се само колку имигранти “Случајно“ се удавиле пред да стапнат на Шпанија или Франција сепак да стават нога Италијанците тешко нив од арапите во тоа биди сигурен
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom