Invader - Leverkusen

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Гледам, сите чекате некој да го скрши ледот.​
So here we go!​
Bayer Leverkusen 1.1.2012
За почеток решив, да ви ги претставам сите трансфери.​
Zezinho - 19 годишен талентиран играч, земен како слободен играч. Одма го пратив на позајмица во Гројтер, затоа што ако останеше кај мене, немаше да изигра повеќе од 5 утакмици. Гледам таму го пуштаат по малце да игра, претежно од клупа, ама не се снаоѓа најдобро. Размислувам да го вратам и пратам во некој друг клуб.​
Cyriac Gohi Bi - Талентиран напаѓач, кој го земав од Стандард за само 1М€. Исто како и Зезињо, го пратив на позајмица во Гројтер, каде што е во прв тим и покажува солидни игри.​
Eyal Golasa - Купен за само 2М€ од Макаби Хаифа. Експресно пратен во Гројтер на позајмица, ама видов дека не планираат да го играат, затоа што не играат со АМ во тимот, па го вратив пак кај мене, кај што одигра солиден број на утакмици, иако има огромна конкуренција. Го заеба малце повредата од 2 месеца, нормално на пријателска утакмица за Израел.​
Nathan Sinkala - Доведен „џабе“ од некој африкански клуб. Се мислев дали да го пратам на позајмица, па се одлучив да остане во тимот и да му биде тутор Симон Ролфес. Искрено се изненадив, затоа што покажува добри игри, мислев ќе биде доста полош.​
Jean-Armel Kana-Biyik - На почетокот имав само 3 стопери, па ми требаше уште еден. Играчот(тешко се чита :D) беше една од подобрите и поефтините варианти на „пазарот“. Најдобар дефанзивец ми е во досегашниот тек од сезоната. Одлично засилување!​
Granit Xhaka - Последното засилување, талентираниот Швајцарец со албански корени Гранит Џака. Засега е „само“ резерва на ветеранот Балак, кој воедно му е и тутор(затоа има ваков напредок во атрибути). Очекувам многу подобри игри од него во иднина и да биде еден од главните играчи за некоја сезона.​
Оцена: Задоволен сум од сите трансфери, ниту еден не е разочарување, а сите се млади и секако има место за напредок.​
Продаден е само Сидни Сем во Баерн за 4,4М€ и еден куп небитни неталентирани играчи се пуштени како слободни.​
Не знам што да кажам. Искрено ова не го очекував. Одлична игра, пред се на домашен терен, каде што сеуште не се јавил јунак, кој ќе постигне гол на БајАрена. Сите лигашки утакмици.​
Се игра пред се, смирена игра, со точни кратки додавања. Ретко му се дозволува на противникот, да доминира на теренот. Да ја искористам приликата и да ја ставам тактиката, со која играм.​
Лоша сезона во германскиот куп. Во прва рунда победив „само“ 2:0 против аматери од 4. лига. Во следната, успеав некако да се спасам против Унион Берлин. Ама против Хановер беше крајот. Истиот што ме спаси против Унион Берлин, на некој начин и ме заеба против Хановер. Промаши доста шанси, на крај и одлучувачки пенал.​
Очекував битка со Шахтар за второ место, ама на крај испадна битка за прво со Челзи. Ми требаше победа од 4:0 против Челзи во последно коло, а јас победив „само“ 2:0. Сите изиграни утакмици во ЛШ. Како што можете да видите, во 1/8 финале се паднав против Олимпик Лион.​
Вредат да се издвојат Eren Derdiyok - најдобар стрелец, ако не е тој, ќе нема кој гол да даде во тимот и André Schürrle - најдобар играч, брз, продорен, дриблер, со одличен шут од далечина.​
Прифаќам пофалби, критики, коментари,...​
И да, ако ви е tl:dr слободно прекочете ја темата, нема потреба да ја труете со глупи коментари.​
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.849
Поени од реакции
11.477
^^ Pretty nice job there! (y) Иако не знам ниеден од тие што си ги земал (т.е. можда сум ги видел ама никогаш не сум ги купил). Само ме интересира, овој штоперов, колку години е? Пошто негде за 3-3.5 милиони може да се земе Rafael Toloi, само што он има негде 19-21 година на почеток (не сум сигурен за возраста, не ме фаќај за збор) и тоа може да му е некаков минус. Ама веројатно со добро развивање може да се добие екстра дефанзивец. А можда и грешам.
Како и да е, продолжи добро да играш, титулата у Бундес не ти бега ( пу пу да не те урочам) и што подалеку да тераш во ЛШ. Штета што си испаднал од Купот, ама и не е дотолку важно тоа.
П.С. Срам да ти е што си ги тепал Челси „само“ 2-0. :P
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Зошто не пробаш некое коло да играш понапаѓачка тактика,пример 4-2-3-1 со напаѓачки крила?
Вака според составот што го имаш,имаш играчи за таа тактика,би требало да се воиграат за брзо време.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Затоа што тогаш, ќе има доста „промаја“ во одбрана и ќе примам по 1-2 гола секоја утакмица.
 

Сутлијаш

PAZZO PAZZINI
Член од
5 декември 2010
Мислења
2.614
Поени од реакции
1.550
Зошто не пробаш некое коло да играш понапаѓачка тактика,пример 4-2-3-1 со напаѓачки крила?
Вака според составот што го имаш,имаш играчи за таа тактика,би требало да се воиграат за брзо време.
Тимот што победува не се менува :icon_lol:
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Нема врска тоа,т.е зависи колку време ќе треба за воигрување.Мојата формација е со два средишни дефанзивно настроени играчи,значи ораат низ цел терен,се враќаат назад и помагаат на нападот,а се враќаат назад и крилата,до половина терен да примат топка и да тргнат во напад.
А и да примаш по 1-2 гола на утакмица,ќе даваш по 4,Ширле или Шурле нема врска е одличен играч по неговата страна,Турчинот е убица во нападот,е сега земи уште едно квалитетно крило ако немаш и еден за во одбрана.
Симон Ролфс ако го имаш играј го разбивач на играта,anchor man.
--- надополнето: 23 јули 2012 во 15:43 ---
Тимот што победува не се менува :icon_lol:
Не секогаш :icon_lol:
Јас на мојот сејв со Интер имам пробано преку 10 различни формации и скоро сите успевале,а со онаа на Мурињо 4-1-2-1-2 имав најголем успех,освоив се што можеше да се освои :D
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Ти си Интер и имаш светска класа играчи во средина и одбрана, кај мене се сите просечни и не се способни да издржат во одбрана. Плус немам саглам АМ. На сејвот со Тотенхем играв 3-4-3 и тоа одбран составена од DR, DL i DC, каде што противникот секоја утакмица имаше по 5 CCC, ама имав квалитетен голман, кој не примаше повеќе од 2 гола и победував утакмици со резултат од 7:2 и слични. Кога ќе ги најдам сликите, ќе ги ставам во „натпревари за паметење“.
Имам 17-1-1 скор во лига, сигурно нема да менувам тактика;)
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Можеби е и до тоа што немам старци во екипа :pos:

А и не мислев одма да ја промениш тактиката,види следната сезона како ќе ти се покаже на пријателски утакмици тактиката и земи некои зверови што се во одбрана (Рафаел Толои,Бокети,Отаменди ако е уште во Порто,на страничните позиции види дали го имаш Gabriel Araujo,Junior ).Ке имаш коска одбрана со овие,а и ако се млади и имаат место за просперитет земај ги,пошо ќе ги земе некој од поголемите клубови.
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
BAYER LEVERKUSEN 2011/2012


Бундеслига

Освоена! Очекував пад во вториот дел, ама не волкав. Имав доста проблеми со реализација. Обично утакмиците завршуваа 0:0 или губев по 1:0. Среќа ни Баерн не беше перфектен, па на крај освоив со 3 бода предност.
Значи цела сезона навивав за испаѓање на Шалке, Гладбах и ХСВ, ама на крај сите 3 се спасија. Посебно Шалке, кој на 4 кола до крај беше последен и врзаа 4 победи.

Лига на шампиони

Играв 1/2 финале во ЛШ, кое сигурно не го очекував. Ама да одиме по ред.

1/8 финале против Лион.
Две лесни победи против Лион. Нема што да се додаде.
Леверкузен - Лион 4:1
Лион - Леверкузен 1:3

1/4 финале против Сити.
Тука секако очекував доста потежок двобој, затоа што објективно се поквалитетна екипа од мене. Плус го имаат и Модриќ во својот тим.
Леверкузен - Сити 2:1
Интересна утакмица со по неколку шанси и на двете страни, за да на крај Дердиок постигне гол во 90. минута за победа и експлозија на БајАрена.
Сити - Леверкузен 2:2
Иако победив на првиот дуел, знаев дека сигурно нема да можам да го одбранам резултатот, ако не постигнам гол. Така да, се одлучив да играм дефанзивно со контри, што резултираше со два гола во првото полувреме. После тоа се затворив максимално и им пуштив да играат. На крај стигнаа до 2:2 што беше недоволно.

1/2 финале против Челзи.
Леверкузен - Челзи 2:0
Одлична игра на домашен терен, не му се дозволи на Челзи, да направи една добра акција. Само шутираа од далеку. Лено немаше никакви проблеми, за да ја зачува својата мрежа.
Челзи - Леверкузен 5:1
Единствената цел пред натпреварот ми беше, како да се одбранам, а не да дадам гол. Тоа беше катастрофална одлука, која резултираше со 3:0 за Челзи на полувреме и моја статистика од 0 шута во тие 45 минути. Второто го почнав обратно од прво со целосна офанзива. Барнета постигна одличен гол од далечина, гол кој ни носеше финале. Ама што се случува потоа? Ретардиран автогол, кој им донесе предност на Челзи од 4:1. На крај извадив стопер и ставив напаѓач, ама џабе, само примив уште еден гол во контра.

Најдобри поединци:
Андре Ширле - Најдобар играч во тимот, пола од акциите идат врз него. Очекувам уште подобри игри од него во иднина.
Транкиљо Барнета - Одличен играч, кој знае да упати добар центаршут со двете нозе. Доста поливалентен и квалитетен играч.
Ерен Дердиок - Најдобар стрелец во тимот, најдобар стрелец во лига. Секако ќе пробам да го задржам и за следната сезона, иако имаше понуди од Челзи 15М€ и Лион 13М€.

Тоа е тоа за оваа сезона. Се на се, одлично изиграно. Тешко дека ќе можам да го повоторам успехот во втора сезона. Не ми се верува пак вака да ми се поклопат коцките.

Поздрав!
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.146
Единствената цел пред натпреварот ми беше, како да се одбранам, а не да дадам гол.
Никад, ама никад, не стартувај дефанзивно. Никогаш сум немал успех коа сум играл затворено против некој. Играј го секој натпревар за победа, со кој и да е. Да имаше само едно полуфинале, а не две, пак ќе излезеше затворено? Не верувам...
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Не ми е прв пат да играм бункер. Имам еден куп (успешно) изиграни натпревари со Марибор на гостински терен против Манчестер, Реал, Сити,...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom